Од 1 јанаури се зголемуваат надоместоците за експлоатација на природни ресурси

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека од 1 јануари 2025 почнува со наплата на до 100 отсто зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека од 1 јануари 2025 почнува со наплата на до 100 отсто зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси, со цел да се воведе ред во користењето на националните богатства и фер наплата.

-Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100 проценти, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата. Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари, соопшти Министерството за енергетика.

За користење на просторот за експлоатација, надоместот се зголемува за околу 30 отсто, за експлоатација на мермер надоместот ќе изнесува 5 отсто од приходот од продадената минерална суровина, наместо досегашниот процент од фиктивна цена. За металични минерални суровини, досегашните 2 отсто се зголемуваат на 4 отсто, а за неметалични минерални суровини, зголемувањето е во просек од над 100 порценти.

Министерството посочува дека овие измени „не ги засегаат надоместоците за енергетски минерални суровини, како јаглен, со цел да се спречи дополнителен раст на цената на електричната енергија“.

Според Министерството за енергетика, со оваа мерка значително ќе се зголеми годишниот приход од концесиските надоместоци, кој во моментов е околу 10 милиони евра, а овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој.

-Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор, истакнува министерката Сања Божиновска.

Министерството наведува и дека за донесување на оваа одлука се раководело од детална анализа на регионалните и светските практики, како и од препораките од Државниот завод за ревизија.

-Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци во Македонија се најниски во регионот, што ја поттикна потребата за измени. Министерството продолжува со залагањата за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Тешка кражба од куќа во Карпош, приведен 42-годишник од Косово

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во вторникот (24 декември) во 11.40 часот на подрачјето на општина Карпош  го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување тешка кражба.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во вторникот (24 декември) во 11.40 часот на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување тешка кражба од куќа.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети и при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин.

-Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената. Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена, информира МВР.

Видео-Фото: Парис Хилтон гола за Божиќ

Богатата наследничка Парис Хилтон  одлучила оваа година да го прослави Божиќ на малку поинаков начин.

43 годишната Парис, всушност, позирала пред елката како од мајка родена, а интимните делови ги криела само огромен црвен лак. Парис уживаше во божиќниот дух во нејзиниот замок во Сливингтон Манор, кој го купи во 2020 година.

Во огромните соби на вилата претходно се пофалила со големи плакари само за чевли, а тука е и Клуб Париз, нејзиниот личен домашен ноќен клуб.

Парис, која има 66 милиони следбеници на социјалните мрежи, му се заблагодари на фотографот Брајан Зиф што ги направи „нејзините најболни фотографии“ и очигледно го сакаше целото снимање - како и нејзините обожаватели.

„Моето присуство е вистински подарок“, заклучила Парис во описот на својата објава, а многумина се согласиле со неа.

притисни ентер