Зевзекманија - Невидена мрза

Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Експлозија пред синагога во Франција- повреден е полицаец (ВИДЕО)

Два автомобила, од кои едниот имал плинска боца, биле запалени утрово пред синагога во Ла Гранде-Мот на југот на Франција, предизвикувајќи експлозија во која е повреден полицаец.

Градоначалникот Стефан Росињол изјави дека полицаецот кој дошол на местото на пожарот е повреден, а неговата здравствена состојба се уште не е позната, јавува Франс 24.

Министерот за внатрешни работи во заминување, Жералд Дарманин, на социјалната мрежа Х го осуди „очигледно криминалниот“ чин. „Сакам да ги уверам нашите еврејски сограѓани и заедницата за сета моја поддршка и наредувам на барање на претседателот на Републиката, Емануел Макрон, да се мобилизираат сите средства за да се најде сторителот“, рече тој.

„Телото испратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“- Бора „Чорба“ се бори за живот

Фронтменот на групата „Рибља чорба“ и еден од најголемите рокери Бора Ѓорѓевиќ е во тешка здравствена состојба.

Пејачот се наоѓа во болница во Љубљана, каде што инаку живее, а последната позната информација за неговата состојба е дека е на кислородна поддршка.

- Сите очекуваме Бока да се подобри - изјавила сестрата на Бора, познатата пејачка, Билјана Крстиќ.

Да потсетиме, Бора е роден во Чачак, град за кој е многу приврзан, поради што секогаш бил нервозен кога настапува таму.

Во една прилика, кога ја изведе песната „Две гитаре“, што ја направи со покојниот басист Миша Алексиќ, ја расплака публиката.

Освен што ја пееше, Бора им ја рецитираше песната и на Чачанци, оставајќи им ја својата последна желба: „Пратете го моето тело во Чачак, во Србија, а во Љубљана, оставете ми го срцето, нека биде таму. Не трошете пари, јас не сум толку важен лик“, објави Курир.

Мицкоски: Законот мора да важи секаде и за секого, ќе сториме се да ги заштитиме институциите

Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. 

Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

- За дестабилизацијата информациите се такви какви што се. Сите што од голтари станаа милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние кои што дивееја по улиците и тука во главниот град град и ширум целата држава имаат интерес да ја дестабилизираат затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние се ќе сториме да ги заштитиме институциите, рече Мицкоски по посетата на ЈП за државни патишта.

Премиерот дополни дека законот мора да важи секаде и за секого. Тука, потенцираше, работиме заедно со нашите партнери и јас сум благодарен за тоа.

-Секој кој работи во насока на силни и стабилни институции за мене е родољуб човек кој си ја сака државата за мене е човек кој го охрабрувам и секогаш ќе го поддржувам, рече Мицкоски.

Тој претходно изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава.

притисни ентер