СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање

Израелски копнен напад врз градот Рафа на крајниот југ на Појасот Газа, каде што хуманитарните групи проценуваат дека се засолниле 1,2 милиони Палестинци, може да заврши со „крвопролевање“, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на X напиша дека напад врз Рафа може да има „страшни последици“.

- СЗО е длабоко загрижена дека целосната воена операција во Рафа може да доведе до крвопролевање и дополнително да го ослабне и онака кревкиот здравствен систем, напиша Гебрејесус.

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири ракети со долг дострел ATACMS испратени во Украина од САД и лансирани од Киев врз полуостровот Крим, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.

Сè уште не се познати обемот и влијанието на нападот на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Киев сè уште јавно не ги коментирал тврдењата на Русија.

Тројца повредени во руски напад врз Харков

Остатоци од соборени руски беспилотни летала рано утринава погодија цивилни цели во Харков, вториот по големина град во Украина, при што беа повредени три лица и предизвикаа пожар во деловна зграда.

Регионалниот гувернер Олех Синехубов на Телеграм информира дека 13-годишното дете и една жена се хоспитализирани. На друга жена и била укажана помош на лице место.

Службите за итни случаи го ставаат пожарот под контрола, додаде тој.

притисни ентер