Маркетите почнаа сами да ги намалуваат цените на дел од прехранбените производи

Маслото, јајцата, месото, дел од млечните производи - самоиницијативно од вчера дел од трговците ги намалиле цените на 30тина производи, пазарните инспектори и денеска на терен. 

Директорот на пазарен за Канал 5 вели и натаму се анализираат цените на основните прехранбени продукти кои не се дел од новогодишната кошничка, по што ќе се знае дали Владата ќе донесе или не поригорозни мерки, кои вчера ги најавија и премеирот и министерот за економија.

Од пазарен велат, досегашните анализи покажале дека, дел од производите кои граѓаните секојдневно ги купуваат а не се дел од кошницата откако изминатиов период дрстично поскапеа, од вчера почнале да се намалуваат и тоа за околу 20 %. Граѓаните кои ги анкетиравме велат едвај врзуваат крај со крај.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, во гостување во Здраво Македонијо на Канал 5, вели свесни се дека цените на основните прехрамбени производи кои не се дел од кошницата, која беше предложена од самиот бизнис, се покачани, но и тој верува дека сите трговци ќе реагираат навреме и нема да бидат приморени како Влада да делуваат.

„На некој начин сами си ја изигруваат мерката....доколку продолжи тоа така имаат рок да ги средат цените. А гледам вчера имаше најава за средување на цени на овие производи како што се јајацата, одредени месни производи, месо, маслото, кафето, какото, шеќерот и ред други производи ќе бидат намалени и во наредниот период ќе бидат намалени. Доколку тоа не го осетиме, ние ќе бидеме приморани да направиме нова мерка која ќе биде поригорозна.“ -изјави Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд.

Новогодишната кошничка која премиерот и министерот Дурмиши ја промовираа на почетокот на месецов, е прва ваква мерка предложена од самите трговци, дистирбутери и производители, на листата се најдоа над 1000 производи, кои поевтинија за намалку 10 %.

Но на сметка на кошничката скокнаа цените на основните производи, за што од Владата изразија разочараност. Премиерот Мицкоски изминативе денови упати апел до трговиците да си го преиспитаат однесување, рече дека дел од цените се зголемиле и за дури 25 % и доколку тоа не се промени во следниве денови, предновогодишно, како Влада ќе донесат нови мерки.

Гаши вели дека уставни измени ќе има кога ќе има гаранции за европските интеграции

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека има политичка волја и предвидливост во процесот со ЕУ.

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека има политичка волја и предвидливост во процесот со ЕУ, без опасност од нови блокади за членство во Унијата, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. На неколку дена до Нова Година, рок кој од коалицијата „Вреди“ беше посочен како краен датум за носењето на уставните измени, Гаши изјави дека не се сеќава дека тоа било напишано во програмата, но оти промената на Уставот е комплексно прашање, кое не зависи од еден политички елемент.

- Не се сеќавам дека тоа беше напишано во програмата, но секако имаше такви изјави. Коалицијата ‘Влен’, сите пратеници, стојат зад тоа и ние, ако би дошле на дневен ред, уставните измени би ги гласале и денеска, но мислиме дека треба заеднички да се договориме кога тоа е најдобро за државата, за сите граѓани и затоа правиме максимални напори како парламентарно мнозинство да ги донесеме уставните измени кога ќе биде најдобро за нашата држава, кога ќе има политички договор за тоа и кога ќе бидеме убедени дека имаме предвидливост во процесот. Тоа значи дека нема да имаме повторно вето за три месеци, за шест месеци и така натаму“, рече претседателот на Собранието, Гаши.

Интерпелациите кои ги поднесе „Европскиот фронт“ за работата на вицепремиерите Меџити и Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Тошковски и неговиот заменик, Исени, како и онаа од Левица за пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути заради блокада на Законот за бранители, собранискиот спикер очекува да бидат ставени на пленарна седница на почетокот од Новата година. Сепак, според него тие ќе немаат правен ефект.

- Очекуваме околу 10 јануари, но се уште не е свикана седницата. Ќе бидат ставени на дневен ред како што е по Деловник. Ако има одговори, ќе бидат ставени на дневен ред како што доаѓаат одговорите, а ако не ќе ги ставиме во дневен ред како што доаѓале. Во однос на ефектот на интерпелациите, интерпелацијата како инструмент нема правна последица и нема егзекутивна моќ. Тоа е повеќе демократска алатка за политичка дискусија околу една тема, околу еден носител на должност или избрано и именувано лице од Собранието, рече тој.

Идејата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за креирање наднационална платформа за најважните државни прашања од сите парламентрани партии, за Гаши е прифатлива но како претседател на Собранието, рече, дека ќе се огради од дополнителни коментари на политички изјави од партиски лидери.

Мицкоски: Јас и моето семејство сме биле следени од безбедносните служби

Додека бил лидер на опозицијата премиерот Христијан Мицкоски бил следен од разузнавачките служби кои го означиле како „нарачател на параполициска воена формација составена од радикални националисти“.

Ова го откри лично тој од собраниската говорница на седницата за ппратенички прашања, кадешто прочита дел од извештаи за конкретни случаи, во кои рече дека има измислени детали. Најстрашно е тоа што покрај мене, безбедносните служби ги следеле и сопругата и малолетниот син, рече Мицкоски.

Од коалицијата на СДСМ пак побараа од премиерот да каже што се случи со најавите за дестабилизација на државата во организација на ДУИ. Дали со задкулисно преговарање и вештачки теми се прави терен за враќање на ДУИ во власта, прашаа опозиционерите.

Во Собранието се актуелизираа и прашањата за кои одлучува Уставниот суд. Европскиот фронт побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече иницијативата за Законот за јазици, а се пожалија и за укинатиот балансер.

Пратениците побараа одговори и за распределбата на парите од унгарскиот кредит, евроинтеграциите, како и за бегството на Артан Груби.

Од собранието министерот за внатрешни работи Тошковски повторно го повика поранешниот вицепремиер да се врати во Македонија за да одговара пред истражните органи.

притисни ентер