Земјоделците во Србија почнаа со протести

Здруженијата на земјоделци во Србија почнаа денеска со протести низ државата поради лошата состојба во која се наоѓаат, а Министерството за земјоделство ги повика на „отворени и конструктивни разговори“.

Свое учество на протестите најавија четири земјоделски здруженија - Иницијативата за опстанок на земјоделците од Србија, Здружението на земјоделци од Суботица, Банатскиот Сојуз на земјоделски здруженија и Здружението на земјоделци Арадац.

Според српските медиуми, веќе се поставени блокади на седум локации низ Србија.

Министерството за земјоделство, шуми и вода ги повика на разговор сите земјоделци кои сметаат дека државата не исполнила дел од договорот потпишан во мај со седум земјоделски здруженија.

Земјоделците ги отфрлија тврдењата за политички мотиви зад протестите и рекоа дека се подготвени за разговори, но само откако ќе ги исполнат барањата:

Субвенции по хектар за растително производство - 35.000 динари, најдоцна до 31 март/ Премии за млеко 19 динари за литар/ Субвенционирани кредити во текот на 2024 година со каматна стапка од еден процент, кои може да се искористат за рефинансирање на постоечки кредити/ Бришење на земјоделците од кредитното биро/ Стимулации за одгледување молзни крави - 40.000 динари по грло/ Укинување на лимитот од 19 грла говеда за набавка на опрема за сточарско производство/ Решавање на проблемот со долгови и изнаоѓање решение за измена на Законот за ПИО за земјоделците...

Командантот на КФОР: Безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка

 Командантот на КФОР, турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ изјави дека безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка и дека 4.600 војници во КФОР, кои доаѓаат од 28 земји партнери и членки на НАТО.

Командантот на КФОР, турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ изјави дека безбедносната ситуација на Косово е стабилна, но кревка и дека 4.600 војници во КФОР, кои доаѓаат од 28 земји партнери и членки на НАТО, се подготвени да одговорат на секој предизвик.

Тој не го коментираше барањето на премиерот Албин Курти за дополнителни војници пред неколку месеци за албанската телевизија A2CNN, но рече дека во зависност од ситуацијата, може да го преиспита распоредувањето на дополнителни војници.

„НАТО постојано ја ревидира својата позиција и останува подготвен да ја прилагоди на потребите. Со зголемување од 1.000 војници, НАТО распореди дополнителни резервни сили на Косово по насилството што се случи минатата година. За да се спречи каков било ризик од ескалација или реескалација на насилство, ние сме подготвени да одговориме на потенцијалните предизвици, доколку е потребно, можеме да ја прилагодиме нашата позиција во согласност со нашиот мандат на ОН“, рече командантот на КФОР.

Во врска со предупредувањето на одредени странски разузнавачки служби за пораст на тензиите на северот на Косово, командантот на КФОР изрази уверување дека тие се подготвени да одговорат на секој предизвик, пренесе Бета.

Маск го отпушти речиси целиот оддел во Тесла: Сега сака да ги врати сите тие луѓе

„Tesla“ отпушти голем број луѓе од одделот за полнење електрични автомобили, но сега ги сака назад.

Сопственикот на „Tesla“, Илон Маск, отпуштил поголем дел од вработените во овој оддел, а сега добар дел од нив се вратиле, меѓу кои најпознато име е Макс Де Зегер, директор на северноамериканскиот оддел.

Како што пренесува Блумберг, Де Зегер бил еден од водечките менаџери, а ниту тој ниту Маск не сакале да коментираат за актуелните настани.

Кога го распушти тимот, Маск ја изненади јавноста бидејќи полначите (т.н. „Суперполначи“) се еден од најпознатите и најдобри производи на „Tesla“, а доказ за тоа е фактот што речиси сите големи автомобилски марки го усвоија овој стандард за полнење.

По период во кој никој не знае што точно се случило, Маск минатата недела бомбастично најави дека годинава ќе потроши повеќе од 500 милиони долари за проширување на мрежата на полначи.

Првите полначи на „Tesla“ беа претставени во септември 2012 година, а сега имаат речиси 60.000 конекции ширум светот.

Извор: Б92

Отворен ден во велешката Гимназија „Кочо Рацин“, најстара во земјава и Балканот

Во дворот на  Гимназија „Кочо Рацин“  деветтооделенците  од  Велес преку стенд ап комедија и музика, годинава првпат наместо штандови се запознаа со предметите кои се изучуваат во гимназијата.

Од септември како новина ќе има и една билингвална македонско-англиска паралелка каде дел од предметите ќе се изучуваат на англиски јазик. Според директорот Илија Попов, овој Отворен ден на гимназијата е поразличен од сите други кои се организирале изминатите години со цел да се привлече поголемо внимание на деветтооделенците и преку забавен карактер да ги претстават активностите на училиштето.

Во забавниот дел настапи оркестар и пејачи - ученички од гимназијата, а во културниот дел актери од велешкиот театар и поранешни гимназијалци кои изнудија голем аплауз и насмевки од присутните деветооделенци и професорите.

На Отворениот дел се претставија и некои од факултетите во земјава,а кои делеа флаери на матурантите.

-Се дружиме заедно со нашите следни ученици и многу сме горди што годинава го променивме концептот на отворениот ден. Наместо штандови, одлучивме да има повеќе музика и преку примери на наши сегашни и поранешни ученици да го претставиме училиштето пред нашите идни средношколци. Нешто со што можеме да се пофалиме од оваа година е тоа што за прв пат отвараме и билингвална паралелка, кадешто учениците дел од предметите ќе ги изучуваат на англиски јазик. Веќе имаме голем интерес и очекуваме таа паралелка да биде нешто што ќе не прави дополнително горди, но не смееме да ги изоставиме и другите паралелки, старата традиција којашто ја негуваме во нашата најстара гимназија, потенцира Попов.

Тој потсети дека велешката Гимназија „Кочо Рацин“ отворена во далечната 1857 година која е најстара гимназија во земјава и на Балканот има трајни вредности кои ги нема во ниту едно друго училиште во земјава.

- Во нашата гимназија учениците за секој предмет којшто ќе го изучуваат следните средношколци нуди квалитет, бидејќи кадарот на професори коишто предаваат во училиштето се причина што се издвојуваат од останатите училишта, потенцира Попов.

Информира дека во изминатата 2023 година ја реновирале спортската сала, гардеробите, направивиле надворешни спортски терени, се обезбедиле интерактивни табли скоро за секоја училница, нагледни средства за секој предмет, нешто со што дополнително вложиле во наставата и сметаат дека ќе придонесе за повеќе квалитетот на образованието.

-Гимназијата е она место каде што може да се понуди успех и ништо повеќе, тоа е и нашето мото по што се водиме и верувам дека и во иднина ќе останеме бренд, бидејќи велешката гимназија со генерации брендот на Велес и на државата. Ќе останеме и понатаму да го следиме аманетот на нашите предци и достојно тоа ќе го правиме, истакна Попов.

притисни ентер