Земјоделците да си ги осигураат посевите

Во тек е кампања за информирање ан земјоделците за придобивките од осигурувањето.

Ќе се засилува информираноста на земјоделците од придобивките на осигурителните полиси за посевите. Во време на се поизразени негативни влијанија на временските услови врз посевите осигурувањето останува како најефикасен начин на заштита на земјоделците на своето производство под отворено небо.

- Купувањето на полиси за земјоделско осигурување преставува најефикасен начин за тоа како земјоделците да се справуваат со ризиците со кои се соочуваат во однос на овие временски неприлики рече Климе Поповски директор на агенција за супервизија на осигурувањето

Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва со платежната агенција на министерството за земјоделство потпишаа меморандум за соработка со кој ќе се опфата што помасовен број земјоделци за да им се објаснат предносите од осигурувањето, да се слушнат и нивните потреби за модели за осигурување на производство и да се искористат поволносите што државата покрива 60% од полисата а во случај на осигурување преку задруга и до 80% од трошоците ги покрива државата.

- Сега оваа година имаме рекордни 35 милиони денари наменети за осигурувањето на земјоделските посеви. Нашата цел и ние ќе сметаме дека мерката е успешна ако 100% од овие пари би се искористиле бидејќи тие се пари се наменети за земјоделците и не се пари наменети да ни останат во нашата програма рече Зоран Коњановски заменик министер за земјоделство

Моделите на осигурување прецизно ќе зависат од секоја компанија и од специфките на секој земјоделец но ориентационо за еден хектар лозје со очекуван род од 10 тона осигурителната полиса е 140 евра од кои земјоделецот плаќа само 55 евра. Но во случај на некоја елементарна непогода- поплава или град или било што друга тој од осигурителната компанија би добил 1600 евра односно исто како нивата да родила и родот да се продал. Ваква слична е сигурноста и за сите други земјоделци кои ќе се одлучат да го осигураат своето земјоделско производство..

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер