Здружението на кошаркари ќе добие ново раководство

Здружението на кошаркари на Македонија утре од 15 часот во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одржи редовното Годишно собрание на кое треба да биде избрано ново раководство.


- На ова собрание ќе имаме можност да избереме нова управувачка структура, нови членови на управниот и надзорниот одбор бидејќи на дел од сегашните членови им истекува мандатот. Исто така на ова собрание ќе имаме можност да дискутираме за нови ставови и идеи околу натамошното работење на самото здружение, начините на функционирање, план и програма за идни чекори, нови активности и барања до клубовите и МКФ, како и подигнување на нивото на организација на самото здружение.

Играчите се најважната алка во кошарката и поради тоа сакаме и во иднина на еден формален и здружен начин да ја продолжиме заложбата за подобра кошаркарска Македонија. Условите во кошарката и општо во спортот кај нас се уште се на пониско ниво од посакуваното и веќе со години го искажуваме нашето незадоволство. Нашата цел е подобра и поквалитетна кошарка, задоволни и мотивирани кошаркари и полни сали. Со таа цел ќе продолжиме со низа активности за кои сме убедени дека ќе вродат со плод. Придружете ни се во сабота да се запознаете со нашата визија и да ја споделите својата визија, стои во соопштението на Здружението на кошаркарски играчи.

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

притисни ентер