Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје

Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, утре во 12:30 часот, ќе одржи протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје.

- Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! Без здравје нема живот! Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките, велат од „Зелен хуман град“.

Оттаму очекуваат секој граѓанин од Скопје и секој кој може од останатите градови да се приклучи на протестот за чист воздух.

-Да ја испратиме 2024 година со чиста совест дека сме направиле најмалку што можеме за нашето здравје и здравјето на идните генерации! Колку повеќе сме, толку поголем ќе биде притисокот за вистински промени! Воздухот што го дишеме не е за преговарање и немаме повеќе време за чекање, велат од „Зелен хуман град“.

Според податоците на УНИЦЕФ, како што е наведено во соопштението, 11,6 отсто од смртните случаи кај новороденчињата во земјава се поврзани со загадениот воздух, што значи дека секое деветто починато дете под една година го губи животот поради аерозагадувањето.

Од „Зелен хуман град“ ги повикуваат граѓаните вечер со почеток во 19 часот во „Лабораториум“ на правење плакати и пароли за чист воздух за протестот.

Без регистрација - дали Дани Олмо заминува од Барселона?

Повторно се појавија проблеми околу регистрацијата на шпанскиот репрезенативец  Дани Олмо во тимот на Барселона.

Неговиот понатамошен настап во натпреварите од шпанската Ла Лига е доведен во прашање, бидејќи Каталонците не ги исполнија условите потребни за регистрација.

Последната шанса да ја промени ситуацијата на подобро Барселона ќе ја има на 30 декември кога ќе има ново рочиште во врска со жалбата која беше поднесена.

Каталонскиот великан има рок за регистрација на Олмо до 31 декември, покрај Дани Олмо со забрана за регистрација се соочува и Пау Торес .

Инаку, Олмо сезонава забележа 15 настапи во сите натпреварувања, постигна шест гола и даде една асистенција, додека Торес играше 23 пати.

Кина воведе санкции за западните компании

Имотот на овие компании во Кина, како што се наведува, ќе биде замрзнат, а на кинеските субјекти им е забрането да соработуваат со нив.

Кинеската влада денеска одобри воведување санкции против седум западни компании како одговор на неодамнешните најави на САД за продажба на оружје и воена помош за кинескиот регион Тајван, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Имотот на овие компании во Кина, како што се наведува, ќе биде замрзнат, а на кинеските субјекти им е забрането да соработуваат со нив.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека потезите на САД ги прекршуваат договорите меѓу двете земји за Тајван, се мешаат во внатрешните работи на Кина и го поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на нацијата.

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден минатата недела одобри воена помош од 571 милион долари за Тајван, а Пентагон објави продажба на оружје во вредност од 295 милиони долари на островот.

притисни ентер