За дочекот на Нова година градот организира прослава на плоштадот Македонија

Град Скопје го прекина молкот. Пет дена пред највеселата ноќ соопшти дека на градскиот плоштад во Скопје ќе има новогодишна прослава.

Екипи на терен веќе почнаа со поставување на сцената, на која на 31-декември ќе настапат познати македонски поп, рок и етно музичари.

Дел од граѓаните со кои разговаравме, се завоволни од програмата на градскиот плоштад. Дел од нив ќе дојдат на прославата, дел ќе останат во домашен амбиент или некаде во домашните туристички места.

Од Здравствен дом - Скопје апелираа, особено до помладите, да внимаваат на консумирањето на алкохол и употребата на пиротехнички средства, а хронично болните да се придржуваат до терапијата.

Од таму информираа дека на новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена - Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров , Драчево и Бит Пазар. Овие поликники ќе работат и во неделите и во празничните денови.

Спасовски: Како може да не знаат дека усогласувањето треба да го направат до 31 декември

СДСМ во собранието денеска реагира на како што велат најгрубото кршење на демократијата.

Опозициската СДСМ во собранието денеска реагира на како што велат најгрубото кршење на демократијата и носење на закони по итна постапка, а најголем дел се однесуваат на усогласување со законот на организација и работа на органите на државната управа.

Германскиот фудбалски сојуз собрал милиони од парични казни

Германскиот фудбалски сојуз собрал милиони од парични казни, најголемиот дел од парите отишле во хуманитарни цели.

- Германскиот фудбалски сојуз (ГФС) соопшти дека ги казнил клубовите во првите три дивизии со околу 12,5 милиони евра во 2024 година за разни прекршоци за време на натпреварите. На пример, Ајнтрахт Франкфурт мораше да плати речиси еден милион.

Најмногу за казни потрошиле „орлите“ (918.950 евра), потоа веќе испаднатиот во втората бундеслига Келн (725.750 евра) и второлигашот Кајзерслаутерн (673.000 евра).

Федерацијата доби околу 8 милиони од казните, а на клубовите им е дозволено да користат дел од казните за да спречат насилство на стадионите. ГФС го донираше најголемиот дел од сумата во добротворни цели, а 6 милиони ќе одат на фондации поврзани со фудбалот.

притисни ентер