Според добро упатениот инсајдер, Фабрицио Романо, преговорите меѓу двата клуба се во полн ек, а сигурно е дека се ќе биде завршено во овој преоден рок.
Сепак, висината на обештетувањето се уште не е договорена, но јасно е дека Наполи не сака така лесно да се откаже од својот најдобар играч.
Се споменува цифрата од 80.000.000 евра, колку ПСЖ наводно ќе плати за Грузиецот, а дополнително во Неапол ќе биде испратен и Милан Шкринијар доколку се постигне договор.
Се појавија и информации дека Квица ги договорил личните услови со Парижаните, и треба да добива годишна плата од 9.000.000 евра, со уште два милиони преку одредени бонуси.
Останува да видиме како ќе се одвива оваа приказна, но доколку сѐ биде договорено, ова несомнено ќе биде бомбастична зделка за парижаните.