Изненадување од Париз- ПСЖ го зема најдобриот играч на Наполи

Изминативе денови многу се зборуваше за потенцијалниот трансфер на Квица Кварачкелија во Пари Сен Жермен, а се чини дека сѐ е поблиску од кога било до реализација!

Според добро упатениот инсајдер, Фабрицио Романо, преговорите меѓу двата клуба се во полн ек, а сигурно е дека се ќе биде завршено во овој преоден рок.

Сепак, висината на обештетувањето се уште не е договорена, но јасно е дека Наполи не сака така лесно да се откаже од својот најдобар играч.

Се споменува цифрата од 80.000.000 евра, колку ПСЖ наводно ќе плати за Грузиецот, а дополнително во Неапол ќе биде испратен и Милан Шкринијар доколку се постигне договор.

Се појавија и информации дека Квица ги договорил личните услови со Парижаните, и треба да добива годишна плата од 9.000.000 евра, со уште два милиони преку одредени бонуси.

Останува да видиме како ќе се одвива оваа приказна, но доколку сѐ биде договорено, ова несомнено ќе биде бомбастична зделка за парижаните.

ДУИ со воинствено видео: Ахмети досега не изгубил ниту една војна

Вирално ново видео со стара содржина од конфликтот 2001 повторно станува актуелно на социјалните мрежи .

Функционери на ДУИ и партиски групи масовно го споделуваат видеото на кое нивниот лидер Али Ахмети парадира воп униформа на ОВК, снимен за време на конфликтото во 2001.

Дали тоа значи дека функционерите на ДУИ, кои на последните избори ја изгубија 23 годишната власт, се обидуваат да ги вратат сенките од минатото и дали тоа значи закана за државата или обид за дестабилизација, како што најавија веднаш по изборите.

Со „торта“ е нападнат лидерот на германската ФДП (ВИДЕО)

Млада жена го нападна лидерот на германската партија ФДП, Кристијан Линднер, со „лажна торта“ за време на настапот во предизборната кампања во Грајфсвалд (Мекленбург-Западна Померанија).

„Тортата“ на тацна го погоди директно во лице поранешниот министер за финансии. Портпаролката на локалната ФДП и очевидец изјавија дека станувало збор за „лажна торта“ направена од пена за бричење. Линднер реагира на нападот така што извади дел од пената од лицето и ја намачка во косата на жената која го нападна.

"За жал, тоа не беше крем, само сапуница. Барем можеа да го направат тоа подобро, тогаш и јас ќе имав корист од тоа", продолжи Линднер додека си го брише лицето со салфетка.

Лидерот на ФДП зборуваше во мала сала во изборната единица во Грајфсвалд.

Жената која го нападна Линднер веднаш била онеспособена и фрлена директно на земја, како што може да се види на видеото. Според Билд, полицијата води истрага против жената за нанесување телесни повреди и навреда. Меѓутоа, таа не била приведена.

Според информациите на Билд, напаѓачот наводно е студентката Кристијана К. од Грајфсвалд. Таа е активна во Левата партија и во левичарската студентска група на Универзитетот во Грајфсвалд.

Државниот претседател на Левица во Мекленбург-Западна Померанија, Хенис Хербст (28) потврди дека младата жена ѝ припаѓа на неговата партија. Неколку членови на младинската организација Левица демонстрираа против политиката на ФДП пред местото на настанот. На дното на „тортата“ пишувало „За љубовта кон слободата“ Очигледно со овие зборови насилникот сакал да го исмејува лидерот на Либералната партија.

Портпаролката на ФДП зборуваше за неприфатливиот физички напад. Во попладневните часови, Линднер сакал да дојде во Росток.

притисни ентер