„Седумдесет осуденици се транспортирани вчера“, рече министерот за правда на Конго, Констант Мутамба, а уште 102 затвореници веќе се испратени во затворот Ангенга во северната провинција Монгала.
Затворениците се осудени за вооружен грабеж и локално се познати како „кулуни“ или „урбани бандити“.
Тие се на возраст меѓу 18 и 35 години, се вели во соопштението на Мутамба.
Некои граѓани на Конго ја поздравија мерката како средство за враќање на редот и безбедноста во градовите, додека други се загрижени за ризикот од злоупотреба и кршење на човековите права. /МИА