Завршува есенската потрошувачка кошница, што нѐ очекува утре во маркетите?

Производите од есенската потрошувачка кошничка уште денеска се со огранична бруто профитна маржа – ако од утре има драстичен скок на цените наделжните најавија нови поригорозни мерки. 

Заменик министерот за економија Марјан Ристески вели ќе ги искористат сите механизми кој им се на располаѓање, но не очекува раст на цените бидејќи вели нема економска причина за тоа да се случи. иако во неколку наврати Од министерството за економиј посочија дека не сите производи кои се дел од кошничката се со намалени цени, сепак уверуваат дека мерката дала резултати – за еден месец според Ристески едно семејство заштедило од 1200 до 1500 денари, а веќе се поготвува и новата така наречена новогодишна кошничка.

„ Не гледам причина да има некој драстични зголемувања меѓутоа ако видиме дека има економска не логика во однос на цените на истите овие производи во наредниот период ќе ги употребиме сите расположливи мерки влукучувајќи го и ДПИ и нови мерки кој ќе ги спореведеме кои ќе бидат доста поригорозни.... Спремаме новогодишна кошничка која ќе биде поразлична од претходните две мерки и тоа го правиме и го спремаме во министерстовто.... “-изјави Марјан Ристески – заменик министер за економија.

На листата на така наречената есенска потрошувачка кошничка се најдоа 73 прозиводи меѓу кои – лебот, оризот, тестенини, месо, некои видови зеленчук и овошје, млечни прозиводи, дел од конзеривараната храна. До 18 месецов биле извршени над 500 вонредни инспекциски надзори, издадени биле 30тина прекрошчни платни налози во висина од околу 70 000 евра, а казнети биле и големи и средни маркети од Скопје, и уште неколку другио градови.

И додека граѓаните ја чекаат новата кошничка, на сила останува законот за забрана на нефер трговски практики, со кој треба да се стави крај на проблемот со цените. Освен органичувањето на дополнителните трошоци, со законот се донесе и листа од над 2 500 производи кои имаат ограничена маржа до 10 %. Првите ефекти од ова законско решение надлежните ги очекуваат кон крајот на ноември. До нова година надлежните ќе го мониторираат спорведувањето на законот, а по нова година оние кои нема да го почитуваат ќе бидат казнувани. Инаку, Од пред два дена дпи има нов директор на местото на досегашниот Горан Трјаковски Владата го назначи Влатко Стојкоски.

Морбидно: Со години го чувал мртвиот татко во замрзнувач, имал лудо објаснување (ВИДЕО)

Шокантниот случај ја потресе мирната заедница во Темпи (Аризона) и го привлече вниманието на локалните медиуми.

Сѐ започнало со пријава во полиција за тело скриено во замрзнувач, што бил оставен во двор на семејна куќа и покриен со церада.

На 22 октомври, службениците за спроведување на законот тропнале на вратата на Џозеф Хил Јуниор (51) и побарале да го видат неговиот татко Џозеф Постариот.

Бидејќи не го нашле во куќата, се вратиле во станицата и ја продолжиле истрагата, пренесува Daily Mail.

Така дознале дека синот со години земал пари од социјалното осигурување на татко му, па со налог за претрес се вратиле во Темпи.

Полицајците велат дека на Џозеф му се „променило“ однесување, а тој рекол дека во случај на претрес ќе пронајдат „нешто“ во замрзнувачот.

Замрзнувачот го нашле во дворот, без струја, а внатре пронашле човечки останки.

Тогаш синот признал дека татко му починал пред четири години. Ништо не пријавил за да не ја изгуби куќата.

Тој планирал да го закопа Џозеф Сениор на парцела што ја купил во Стробери, на околу стотина километри од Темпи. На крајот се откажал и го оставил телото во замрзнувачот.

Подоцна се обидел да го закопа во пустината, но секогаш налетувал на луѓе и се откажувал, вели тој.

Синот е приведен и ќе се појави на суд на 4 ноември.

Убил татко на осум деца зашто му го погалил кучето- сега е осуден (ВИДЕО)

Со години откако татко на осум деца од Тексас беше убиен пред очите на неговата сопруга бидејќи го галеше кучето на соседот во Сан Антонио, неговиот убиец конечно ја дозна својата судбина.

Пет дена по Божиќ 2021 година, 28-годишниот Валентин Гонзалес IV и неговата сопруга Бритни Кларк-Гонзалес, го виделе кучето надвор од станбениот комплекс и решиле да го погалат.

Неколку моменти подоцна, Џордан Итон, кој сега има 21 година, се појавил бесен, вооружен со пиштол, извикувајќи вулгарности кон парот пред да се обиде да пука во Кларк-Гонзалес, а потоа фатално да го рани нејзиниот сопруг додека се обидувал да ја заштити.

Вознемирената Кларк-Гонзалес со солзи по пукањето рекла дека Итон извикал: „Не можете да го допирате моето куче! Не се плеткам со вас, никого од вас“, објави KSAT, пренесува Law&Crime.

Иако Итон побегнал од местото на настанот и подоцна тврдел дека тоа било самоодбрана, видеото од телефонот на сведок покажало како тој пука во Кларк-Гонзалес, додека Валентин Гонзалес ја бранел.

На судењето, Итон наводно тврдел дека имал „претходни проблеми“ со жртвите и дека „се обидувал да не ги забележи“, но неговото галење на кучето го исфрлило од такт.

„Само сакав да останам сам“, наводно рекол тој. „Не сакав да пукам во никого.“

Сепак, Итон го застрелал Валентин Гонзалес, а поротата во округот Бексар го прогласи за виновен за убиство. Тој исто така е осуден за тежок напад за пукање во Кларк-Гонзалес.

Членовите на семејството на Итон се изјасниле за намалување на казната за осудениот убиец да има втора шанса и да бидат дел од животот на нивниот син.

На крајот, Итон е осуден на 20 години затвор за убиството на Гонзалес и 10 години за нападот на Кларк-Гонзалес, но 10-годишната затворска казна наводно е „суспендирана“ и ќе биде отслужена условно.

Во некрологот на Гонзалес, тој бил опишан како грижлив и дарежлив човек кој го сакал своето семејство.

„Тој постигна многу неверојатни работи, како што се запишувањето на колеџ на 15-годишна возраст и обезбедувањето за своето сакано семејство. Неговата великодушност не знаеше за граници, тој беше некој што ќе му помогне на секој што има потреба“, се вели во некрологот.

„Тој ги инспирираше луѓето околу него да станат подобри.“

Сѐ повеќе Израелци сакаат германско државјанство, бројот е зголемен по ланскиот масакр

По нападот на терористичката организација Хамас врз Израел во октомври минатата година, зголемен е бројот на барања за добивање германско државјанство во германските конзуларни претставништва во Израел, соопшти денеска германската влада.

„Во првите девет месеци примени се 18.448 барања за регистрација во регистарот на германски државјани“, објави германската влада како одговор на прашање на пратеничката група Алтернатива за Германија (АфД) во Бундестагот. Минатата година евидентирани се 9.178 барања, а во 2022 година 5.705.

Законот од 2021 година обезбедува полесен пристап до германско државјанство за жртвите на националсоцијалистичкиот прогон и нивните потомци.

Германската влада претпоставува дека бројот на барања за германско државјанство поднесени од Израелци е всушност многу поголем, имајќи предвид дека статистиката се однесува само на конзуларните претставништва во Израел, додека барања се поднесуваат и во германските претставништва низ светот.

По бруталниот напад на терористичката организација Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, довербата на многу Евреи во Израел како последно засолниште беше разнишана.

Во исто време, се зголеми и бројот на антисемитски напади во Германија. Во последната година двојно е зголемен бројот на кривични дела со антисемитско потекло на 3.200 пријавени дела.

притисни ентер