Заврши инклузивната ликовна колонија „Езерски убавини"

Во детското одмаралиште „Мајски цвет" во Струга, изминатите шест дена се одржа инклузивна ликовна колонија насловена „Езерски убавини", на која учествуваа петнаесет велешки основци.

10 од редовните основни училишта и пет деца од Посебното основно училиште „Маца Овчарова".

Како што појасни за МИА, Зага Колодезни, дефектолог во ПОУ „Маца Овчарова" и автор на проектот целта на проектот насловен „Ликовен инклузивен караван", во чии рамки се одржа и оваа ликовна колонија во Струга, е подобрување на социјалната инклузија на деца и млади со попреченост на возраст од 13 до 15 години преку ликовно творење заедно со нивни врсници од редовните основни училишта, преку меѓусебно запознавање и другарување.

Драганчо Таневски, ликовен педагог и ментор во проектот, вели дека целта на завршената колонија во Струга била преку ликовно творештво да ги спојат децата од редовните и посебното училиште и меѓусебно да другаруваат.

-Овие ученици ги донесовме во Струга за да ги видат езерските убавини и да се запознаат со градот, а потоа своите впечатоци да ги пренесат на бело платно.Тие под мое менторство и појаснување на техниките за цртање и сликање, прво седнати покрај езерото набљудуваа, потоа правеа скици седнати и на крај во дворот на детското одмаралиште, се запознаа со акрилните бои, кои ги одбрав, бидејќи брзо се сушат. На едно платно работеа по двајца учесници и така на на најубав начин меѓусебно се запознаваа и другаруваа, појасни Таневски.

По оваа ќе се одржат уште две инклузивни ликовни колонии: една во август во велешко Папрадиште и на почетокот на септември во археолошкиот локалитет Стоби.

Сите дела од разни техники од овие три инлузивни ликовни колонии како и делата од неколкуте претходно одржани работилници во Велес, на крај ќе бидат изложени на продажна изложба, а која како што најави Колодезни, е планирана на почетокот на октомври во Велес. /МИА

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

притисни ентер