Завршен концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“ во Филхармонија

Во Филхармонија вечерва ќе се одржи завршен концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“, со почеток во 20 часот. 

На концертот Ламбе Алабаковски ќе ја отпее „Како пиреј“, песна изведена од Гоце Николовски на Фолк фест Валандово во 1994 година. Интерпретацијата на Алабаковски ќе биде придружувана од симфониски оркестар.

- Освен „Како пиреј“ и веќе добро познатите 12 нумери кои публиката имаше можност да ги чуе на концертите кои се одржуваа ширум земјата во изминатите речиси две години, на сцената како новитет ќе ги чуеме и „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски, а што ќе ја отпее Бојана Скендеровски и „Има една земја сонце што ја грее“ во интерпретација на Сузана Спасовска и Александар Тарабунов. За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери е задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски, информираат од Скендеровски продукција.

Влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com по цени од 1000 и 1400 денари, а организаторите Скендеровски продукција откриваат дека сите средства од продажбата ќе бидат насочени во хуманитарни цели. Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ. /МИА

Кристина Агилера откри интимни детали: „Најдобра сум во орален секс“

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера  откри детали за љубовниот живот и експериментирањето во спалната соба.

Русокосата пејачка ги „запали“ социјалните мрежи со детали за љубовниот живот и „умешноста“ во спалната соба.

„Искрено, јас сум најдобра во орален секс. Го сакам, навистина уживам. Го познавам секој дел и чувствителните области. За мене е возбудливо“, признала 43-годишната пејачка Агилера, пренесува „Сан“.

Кристина, која со години е во врска со вереникот Метју Рутлер, откри дека искреноста и истражувањето со нејзиниот партнер е клучот за долготрајна врска.

„Важно е да бидете со партнер со кој можете да истражувате. Има многу работи што сè уште не сум ги пробал и се на мојата листа. Треба да најдете време за тоа“, изјави Агилера.

Зборувајќи за „дивите“ места каде сака да биде интимна, Агилера призна дека студиото, тушот и авионот и се меѓу омилените.

„Звучна конзола во студио? Неколку пати бев легната над неа. Тоа е забавно. Интересни се и авионите. Знаевме да се скриеме под ќебињата кога седиштата беа доволно големи. На меѓународните летови, кога светлата ќе се изгаснат, секогаш има простор за креативност. Треба да почекаме сите да заспијат и да ја поставиме атмосферата“, изјави Агилера, пренесуваат дел од странските медиуми.

Фото: Најубавата телевизиска актерка во танга!!

Една од нјаубавите телевизиски актерки на светот, атрактивната Софија Вергара го запали интернетот со провокативни топлес фотографии од нејзиниот одмор на Карибите.

Колумбиската актерка Софија Вергара неодамна отидена краток одмор од Лос Анџелес на Карибите, каде ја посети својата куќа, која ја нарекува „Casa Chippy Chippy“.

На радост на фановите на социјалните мрежи сексапилната Софија сподели неколку фотографии од својот одмор, меѓу кои и една на која позира во танга и топлес на плажа.

Нетанјаху се заканува дека ќе дејствува насилно и решително против бунтовниците во Јемен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им се закани на јеменските бунтовници хути дека ќе дејствува со „сила и решителност“, еден ден по нападот на тие бунтовници врз Тел Авив во кој повредија 16 лица.

„На ист начин како што постапивме со сила против вооружените крила на иранската оска на злото, ќе дејствуваме и против хутите... со сила, решително и софистицирано“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер додаде дека дури и ако е потребно време, „резултатот ќе биде ист како кај другите терористички групи“.

Јеменските бунтовници ја презедоа одговорноста за истрелување балистичка ракета ноќта меѓу петокот и саботата, која израелските сили не успеаја да ја пресретнат.

притисни ентер