Затворен автопат во Британија за да можат патки да поминат

Автопатот бил затворен еден час за да можат патките сигурно да го поминат автопатот.

Возачите на автопатот М25 морале да чекаат еден час за да продолжат со своето патување бидејќи автопатот бил затворен од страна на полицијата за да можат 30 патки да го поминат автопатот сигурно.

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Само оваа политичка опциа од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење.

Само оваа политичка опциа од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо.

Пендаровски посочи дека опозициската партија со себе носи опасност да ја врати државата назад во времињата на поделби, тензии и дискриминации.

„Од страна на опозицијата претстои опасност, Македонија да се враќа назад, а таа опасност е уште пореална, затоа што гледаме дека се здружуваат луѓе кои имаат други планови за државата. Не зборувам за нова војна, зборувам за квалитет на живот. За жал, овие што сега сакаат да дојдат на власт, се истите од пред седум осум години а сите знаете дека во тој случај, шанси за вработување шанси за напредување во кариерите ќе има само за нивни членови. Тога во државата имаше две категории граѓани, нивни членови и сите останати. А јас отсекогаш сум тврдел, дури и кога не сум бил во политика, дека или ќе бидеме сите рамнправни или нема да има среќа за никого“ порача Пендаровски.

Тој пред присутните посочи дека во изминатите години и тој и другите членови од власта покажале, низ примери што значи вистинска грижа за сите граѓани, без разлика на каква била нивна определба.

„Никој не бил дискриминиран по ниту еден основ, ниту од мене ниту од кој било друг, премиер, министер, градоначалник. Во нивно време беше поинку и сега сакаат да ја вратат таа стара политика. Затоа ве повикувам, на осми мај повторно со заокружување на бројот еден, да ја потврдите победата од првиот круг во ова населено место, а потоа и да ја донесеме победата во целата држава“ повика Пендаровски.

Гордана Сиљановска-Давкова порача:СДСМ и ДУИ никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

Се срамам кога гледам дека она што е гаранција за просперитетот на било која држава, ние го имаме но тие го крадат. Мислам на енергијата, мислам на водата, мислам на земјата, на земјоделието.

Меѓутоа далеку од тоа дека тие мислат за иднината на оваа земја. Како ште гледате се силеа, се силеа, се палеа. Биле европски претседтели, биле наши претседали. Ама сега во агонијата се силат на бојкот!

Се разбира дека јас не се плашам од дебата, ќе видиме што ќе дебатираат. Но мислам дека, не само што се плашат од соочувањето туку и веќе немаат што да кажат. Нема пострашна работа од власт на заминување. Тие раскарани меѓу себе, секој ден се обвинуваат кој бил повиновен за состојбата во која што се наоѓаме. Па дури и смешни изјави даваат, дека грешеле, грешеле, ама им треба уште една можност. Демек да докажат дека не се тоа што се односно дека се тоа што сме ние. Ама тие никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

Јас мислам дека на 8 мај ќе ни дозволите, со ваша помош, со ваш благослов, со божји благослов, да покажеме дека оваа земја има иднина! Дека оваа земја има капацитет да биде пристојна европска држава! Дека овој народ заслужува да биде горд на своите претставници! Дека оваа држава заслужува повторно да биде горда и ваша!

ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга

Бранителот на титулата и актуелен лидер Струга загуби неочекувано на домашен терен од Силекс со 3-2 во еден шесте натпревари кои попладнево се одиграа во рамки на 29 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Поразот на Струга го искористија фудбалерите на Шкупи кои со два гола во самиот финиш направија резултатски пресврт во дуелот со Тиквеш и со триумфот од 3-2 се израмнија бодовно со Струга на врвот на табелата.

Убедлива победа пред своите гледачи забележа Шкендија над Гостивар (4-1), додека Вардар е сè подалеку од зоната за опстанок откако загуби минимално на гостувањето во Струмица од Брера (0-2).

Воска со високи 4-0 триумфираше над Брегалница, додека Работнички и Македонија ЃП ги поделија бодовите играјќи 1-1.

ПМФЛ – 29 коло резултати:

Брера – Вардар 2-0

Работнички – Македонија ЃП 1-1

Шкендија – Гостивар 4-1

Шкупи – Тиквеш 3-2

Струга – Слекс 2-3

Воска – Брегалница 4-0.

Табела: Струга 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.

притисни ентер