Затвор од 30 години за враќање километража на стари автомобили

Трговец со стари автомобили во САД ги враќал километражите и тоа во просек по 200 000 километри од возило.

Во американската држава Алабама е обвинет продавачот на стари автомобили Ренди Грин од Хантсвил , за враќање на километражите на најмалку 12 возила продадени од 2014 до 2016. Од Минисртерството за правда на САД потврдуваат дека во просек Грин враќал по 200 000 километри од возило.

Најдрастичниот случај е кога на купувач му продал автомобил со 218 000 километри помалку , а реално имал поминато 350 000 километри. На Грин ќе му се суди по 15 точки од обвинението , од кои 12 се однесуваат за враќање на километрите.

За секое возило на кое му ги вратил километрите му сње заканува до 3 годишна затворска казна и до 250 000 долари парична казна , така што би можел да добие 30 години затвор.

Претходно годинава имаше судење и во Шапнија на организирана група продавачи на користени автомобили . Им се судеше на 150 авто – дилери за продадени 305 автомобили со вратени километри.

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор

Кошаркарите на Панатинаикос изборија настап на фајналфор турнирот во Евролигата откако во решавачкиот петти натпревар на домашен паркет во Атина го совладаа синоќа Макаби од Тел Авив со 81-72.

Кошаркарите на Панатинаикос изборија настап на фајналфор турнирот во Евролигата откако во решавачкиот петти натпревар на домашен паркет во Атина го совладаа синоќа Макаби од Тел Авив со 81-72 (19-21, 22-20, 17-15, 23-16) и славеа во четвртфиналната серија со 3-2.

Во неизвесен натпревар, Кендрик Нан беше убедливо најдобриот играч на домашната екипа со 26 поени, четири асистенции и пет скокови. Костас Слукас додаде 15 поени со шест скокови.

Најдобар играч на Макаби беше Лоренцо Браун со 19 поени, седум асистенции и четири скокови.

Претходно, пласман на завршниот турнир обезбеди Реал Мадрид, а денеска се на програмата решавачките петти натпревари меѓу Монако – Фенербахче и Барселона – Олимпијакос.

Домаќин на фајнлфорот, по рекорден трет пат, ќе биде Берлин, кој го организираше завршниот турнир во 2009 и 2016 година.

Шкотскиот парламент го избра Џон Свини за нов премиер

Новиот лидер на владејачката Шкотска национална партија (СНП), Џон Свини, денеска и официјално е избран за премиер на Шкотска, откако освои мнозинство гласови во Парламентот.

Свини вчера беше избран за нов лидер на СНП, пренесе N1, дополнувајќи дека тој и претходно беше на чело на партијата, од 2000 до 2004 година.

-Бидејќи мнозинството пратеници гласаа за Џон Свини, во име на Парламентот му честитам за неговата кандидатура за премиерската функција, изјави по гласањето претседателката на шкотскиот Парламент, Алисон Џонстон.

Премиерот на Шкотска го избираат пратениците во парламентот, а Свини е избран на функцијата иако на неговата партија и недостигаат два гласа во парламентот за апсолутно мнозинство.

СНП, инаку, е најголемата партија во Шкотска со 63 од 129 пратенички места во парламентот.

Во Штип двојните избори почнаа на 74 избирачки места

 Вториот круг од претседателските и парламентарните избори утрово во 7 часот почнаа на територијата на Општина Штип.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев изјави дека на двата избирачки списоци има по 41 379 избирачи, кои своето демократско право ќе можат да го искористат на 74 избирачки места.

Посочува дека сите избирачки места се отворени точно навреме и засега се се одвива во најдобар ред, но се уште е рано да се зборува за некоја процентуално излезност, зашто првите податоци до комисијата ќе пристигнат после 9 часот.

МИА утринава беше на гласачкото место лоцирано во Центарот за култура „Ацо Шопов“. Претседателот на Избирачкиот одбор 22 99, Столе Хаџи-Николов вели дека гласачкото место навреме е отворено. Своето право на глас на оваа избирачко место можат да го остварат 655 избирачи за претседателските избори, а за парламентарни еден гласач повеќе иле 656.

-Имаме едно лице кое станало полнолетно и затоа на списокот за парламентарните избори имаме еден гласач повеќе. За околу половина час,гласаа десет избирачи и тоа за двата типа на избори, вели. Хаџи Николов.

Вчера гласаа болните и изнемоштени лица во домашни услови. Од пријавените и одобрени 208 барања, гласале 187 за парламентарни и 186 за втор круг претседателски избори. Според податоците на ОИК, ваква разлика меѓу пријавени и оние кои го исполниле правото на глас во текот на вчерашниот ден е што 21 лице од пријавените починале помеѓу двата изборни круга. Вчера се гласаше и во КПУ- Затвор- Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 146 осудени лица или 72 проценти, што е скоро идентично со првиот круг за избор на претседател.

притисни ентер