Затишје пред бура или издишаа бомбите на „Ла Верита“?

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер кој три дена пушташе снимки за случајот Рекет запре со таканаречените  бомби.

Остана да виси прашањето дали тактизира со снимките, нема повеќе материјал или станува збор за нешто друго.

Сомнежи се јавија или намерно се предизвикаа кога пред два дена порталот на италијанскиот весник „Ла Верита” не можеше да се види и преслуша видео колумната на авторот Ларис Гајсер во која тој ја повикуваше претставничката на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини да каже нешто за случајот „Рекет”.

Потоа излезе дека заради авторски права, колумната била повлечена, но сега видеото е вратено на страната.За денеска со голема помпа се најавуваше објавување на нов материјал од новинарот на социјланата мрежа Фејсбук ,но овој пат не преку онлајн изданието на весникот, туку при гостување на Радиото Каподистри во 11 часот.

Иако најавата за пуштањето снимки на италијанско радио, беше необична оти аудио материјалот би бил на македонски јазик и не ја засега италијанската јавност. Гостувањето во радиото на италијанскиот новинар заврши со Анализа за случајот „Рекет”. Гајсер констатираше дека претседателот Пендаровски полека се дитстанцирал од Заев и дека токму премиерот и прави како што вели штета на земјата. Тој се пожали дека некој врши пропаганада за весникот,,и тврди дека за Македонија се креира мрачно сценарио за да се стави пречка кон евроаталанските интеграции

Дали ова беше само драмска пауза на весникот „Ла верита“, за да се зголеми пи-ар ефектот пред евунтуално емитувањето на некоја нова снимка поврзана за случајот или нема повеќе материјал останува да видиме.

Новинарот Гајсер најавуваше дека поседува 8 часа материјал. До сега дигиталното издание на „Ла верита“ објави неполн час од снимките.

Г.Скопје: Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура

Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска.

Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна мрежа која произлегува од градската програма за работа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денес извршија увид во реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект.

Во оваа фаза од изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска и заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа предвидено е поврзување на двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски.

Со почеток на реализација на предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по новопредвиден булевар Хрватска во првата фаза, започнати се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај Естекада. Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот Хрватска изнесува 2,8 километри. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.

Град Скопје

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука

Фајненшл тајмс потпиша договор со OpenAI за лиценцирање на содржината на весникот за развој на модели со вештачка интелигенција и дозволи ChatGPT да одговара на прашања со резимеа што му се припишуваат на весникот.

Развивачот на вештачка интелигенција склучил договор за лиценца со британскиот деловен весник и ќе може да користи написи од Фајненшл Тајмс, се вели во соопштението. ChatGPT, исто така, ќе може да одговара на прашањата на корисниците со информации од написите на Фајненшл Тајмс, вклучително и линкови до веб-страницата на весникот.

Во последниве месеци, германската Axel Springer Group и францускиот весник Монд (Le Monde) потпишаа договори со OpenAI. Од друга страна, Њујорк Тајмс во декември ја изведе компанијата на суд, тврдејќи дека ChatGPT бил обучен со написи на весникот без дозвола.

ChatGPT го поттикна интересирањето околу вештачката интелигенција пред повеќе од една година.

Ваквите генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција се обучени со огромни количини на информации и можат да формулираат текстови на лингвистичко ниво на човек, да пишуваат софтверски код и да сумираат информации.

Принципот зад ова е дека чет-ботовите проценуваат од збор до збор како треба да продолжи реченицата, врз основа на веројатност.

Манчестер јунајтед именуваше тројца играчи кои нема да го напуштат клубот на лето

Раководството на Манчестер јунајтед одлучи за фудбалерите околу кои ќе го гради тимот во блиска иднина.

Според „The ​​Telegraph“, станува збор за крилниот напаѓач Алехандро Гарначо, играчот од средниот ред Коби Мејну и напаѓачот Расмус Хојлунд. Забележано е дека овие играчи нема да бидат достапни за трансфери во други клубови.

Деветнаесетгодишниот Гарначо оваа сезона одигра 45 натпревари за Манчестер јунајтед на кои постигна девет гола и забележа пет асистенции.

Врсникот на Гаранчо, Мејну има 27 натпревари, три гола и една асистенција.

Дваесет и едногодишниот Хојлунд постигна 14 гола и направи две асистенции на 38 натпревари за тимот од „Олд Трафорд“.

притисни ентер