Затемнетите стакла со фолии на возилата не поминуваат на технички преглед, а како прекршок се казнува со 300 евра

Сакаат затемнети стакла на возилата, па имаат проблем за технички преглед, а воедно ризикуваат казна од 300 евра.

За оваа значително зачестена појава и проблем, алармираат од тетовските технички прегледи порачувајќи им на сопствениците да ја избегнувааат практиката да поставуваат фолии за затемнување на стаклата доколку сакаат да го поминат задолжителниот годишен технички преглед за исправноста на возилата. Воедно, со такви фолии, ризикуваат да бидат испратени од полицијата на вонредени технички преглед.

– Оваа сфера е регулирана во Правилникот за технички барања на системи, составните делови, самостојните технички единици, опремата, димензии и вкупната маса на возилата (објавен во Службен весник бр.21 од 12 февруари 2010 година) во член 20 од Правилник за уреди и опрема и нормална каде е потенцирано колкава треба да биде видливоста на стаклата. Видливовста на ветробранското стакло (шофершајбна) треба да биде 75 проценти, а на страничните бочни стакла кај возачот и совозачот видливоста да биде 70 проценти, велат од станицата технички преглед „Автостар плус" од Тетово.

Оттаму велат дека поради ваквиот „тренд" имаат чести недоразбирања кога им велат на сопствениците на возилата дека не може во таква состојба возилото да добие одобрение за техничка исправност.

– Законските одредби се јасни и не дозволуваат поставување фолии за затемнување. Од друга страна постојано доаѓаат луѓе со затемнети стакла на возачкото и совозачкото стакло па дури и на ветробранското стакло (шофершајбна). Така доаѓаме во конфликт, но мора да се знае дека за да помине едно возило на технички преглед стаклата не треба да бидат целосно затемнети, односно треба да ја имаат соодветната видливост, велат од станицата технички преглед „Автостар плус" од Тетово.

Од Секторот за внатрешни работи во Тетово информираат дека секојдневно се откриваат сопственици на возила кои постапиле несоодветено и ставиле фолии за затемнување на стаклата.

– Во единаесетте месеци од оваа година, на поширокото тетовско подрачје изготвени се вкупно 448 поднесоци, односно прекршочни платни налози кои се однесуваат на затемнување на стаклата со фолии. За овој вид сообраќаен прекршок, согласно членот 360 став 4 предвидена е парична глоба од 300 евра во денарска противвредност. Според споменатото законско решение, возачите можат да користат, односно да ги затемнат само задните странични стакла и задното ветробранско стакло. Но, притоа фолиите што ќе ги употребат за таа цел и намена задолжително треба да бидат атестирани, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тој вели дека СВР Тетово и до крајот на оваа година ќе презема повеќе контролни и други мерки кои се однесуваат на користењето фолии од возачите и ќе ги санкционира сите прекршоци од ваква природа и карактер./МИА.

Хутите се заканија дека ќе ги прошират нападите и во Средоземното Море

Јеменските Хути се заканија дека ќе ги прошират нападите врз бродовите кои пловат за Израел до Средоземното Море, по неколкумесечните напади врз бродовите во Црвеното Море.

Во изјавата на воениот портпарол на Хуту, Јахје Сари, се наведува дека ескалацијата ќе стапи на сила „веднаш“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Ова, како што е наведено, вклучува таргетирање на сите бродови кои „ја прекршуваат забраната за пловидба кон Израел“ и кои се движат кон пристаништата на „окупирана Палестина“ од Средоземното Море до која било област во дострелот на ракетите.

Хутите претходно се заканија дека ќе ги прошират своите напади кон Индискиот Океан и кон бродовите што пловат низ јужна Африка за да го избегнат јеменскиот брег, но нивниот главен фокус остануваат Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, вклучително и голем дел од брегот на Црвеното Море, извршија бројни напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море од ноември во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Нивните напади предизвикаа одмазда од САД и Велика Британија и формирање на меѓународна поморска коалиција за заштита на виталниот трговски пат.

Воените експерти наведуваат дека арсеналот на Хутите вклучува балистички ракети со дострел од 1.600 до 1.900 километри и ирански беспилотни летала Шахед-136 кои можат да патуваат до 2.000 километри.

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Полицаец со уште двајца учествувал во киднапирање маж- го претепале и му барале 10.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер