Засташувачка снимка – Наставник фрла ученик(11) во училница(видео)

 Невиден скандал во основно школо, причината ќе ве запрепасти! 

Мајката на несреќното дете објаснила што се случило и зошто професорот физички го нападнал нејзиниот син.

Невиден скандал се случил во основно училиште во американскиот град Савана, Џорџија. Како што се гледа на видеото снимено од учениците, наставникот по физичко образование, Битреилин Елдер, го грабнува момчето Т.Ј. (11) за кошулата и дуксерот и со сета сила го оттурнува наназад. Од јачината на овој потег, несреќното момче паѓа и завршува прво меѓу клупите и столовите, а потоа на подот. Кога се обидува да стане, наставникот му приоѓа со закани и цело време му вика. Шокираните другари на несреќното момче само немо јаследеле непријатната сцена и не можеле ништо да сторат.

Како што објаснила мајката на момчето за „Atlanta News First“, расправијата, а потоа и физичката пресметка, се случила откако наставникот изговорил непристојни работи на нејзина сметка.

- Мојот син му пришол на наставникот и се обидел да го предупреди со зборовите: „Еј, престани да зборуваш така за мајка ми!“ Наставникот потоа му се приближил на син ми, кој упорно барал да престане да кажува непристојни работи за мене, а потоа го грабнал и го фрлил преку пола училница, како да е перце - рекла очајната мајка на момчето.

Учениците кои биле сведоци на овој скандал потврдиле дека наставникот ја навредувал мајката на Ти Џеј и правел алузии од сексуална природа на нејзина сметка, пренесува „FOX 8 Live“. Мајката на момчето тврди дека никогаш во животот не го сретнала ниту го запознала Елдер и дека не разбира зошто го направил тоа.

Според неа, откако нејзиниот син паднал на подот, наставникот повторно го грабнал и го исфрлил од училницата пред вицедиректорот на училиштето. Откако била известена за настанот, таа веднаш отишла во училиштето да го земе синот, а потоа го однела во болница каде било констатирано дека момчето имало потрес на мозокот и неколку модринки од јачината на ударот.

- Син ми се плаши да се врати на училиште! Се плашам дека ќе има трауми од сè што се случи. Наставникот треба да се стави во затвор! Го повреди моето момче. Срцето ми е скршено затоа што никогаш не би му го направила ова на ниту едно дете. Неговиот татко никогаш не би му го направил тоа. Од каде има право така да се однесува кон мојот син?! – била бесна мајката на момчето.

Откако директорот на училиштето дознал што се случило, наставникот бил отстранет за да нема контакт со учениците и веднаш бил отпуштен, пишува Дејли меил.

Собраќајното решение за крстосницата на „Васко Карангелевски“ во институционален ќорсокак

И покрај неодамнешниот протест на граѓаните, нема решение на повидок за крстосницата на булеварот Васко Карангелевски во скопски Аеродром, која ја загрозува безбедноста на 1.400 ученици.. 

Очекуваме во новата година решение на критичната крстосница на булеварот Васко Карангелевски и улицата Коста Новаковиќ, изјави за канал 5 градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески. Тој не ја исклучува можноста од повторување на протестите од страна на родилите на децата кои учат во основното училиште „Љубен Лапе“ и граѓаните. Според градоначлникот единствено решение е поставување на семафор на оваа крстосница.

Надлежностите се поделени помеѓу општините во градот Скопје и Град Скопје за оваа крстосница надлежноста за регулирање на сообраќајот е комплетно во рамки на на Градот Скопје вели Митески.

Пред две недели родителите од основното училиште Љубен Лапе заедно со наставниците, директорката и градоначалникот протестираа со цел да се најде решение за оваа крстосница каде не само утринските часови и преку целиот ден има метеж од автомбили, а регулирањето само со знаци и споредна и главна улица прави поголем хаос и минимални можности за движење на пешаците. Од Град Скопје досега немаат пратено одговор на поставеното прашање од медиумите за оваа крстосница. И денеска испративме прашање до град скопје но се уште немаме одговор.

Видео конференциска врска со македонските мировници, пакетчиња за децата на припадниците на АРМ

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално се одржаа предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата.. 

„Сакам да се врати тато дома“. Ова е најчестата желба што денеска ја посакаа дечињата, чии татковци се на мировни мисии во странски земји.

Тие за момент во касарната „Страшо Пинџур“ ги видоа своите татковци кои преку видео-врска се обратија до претседателката Силјановска Давкова и министерот за одбрана, Мисалјовски, посакувајќи весели празнични денови.

Најмладите пак пред камерата на Канал 5 ги кажаа и другите нивни желби за 2025 година.

На дечињата на мировниците им беа подарени новогодишни пакетчиња од претседателката Давкова и министерот Мисајловски. (атмосфера пакетчиња)

Претседателката Давкова која се обрати до мировниците, им посака професионално завршување на мисиите и здрави и живи да се вратат кај своите најблиски.

Децата покрај со претседателката и министерот, се дружеа и со Дедо Мраз и други херои од цртаните филмови.

Главниот настан, барем за децата, беше дочекот на Дедо Мраз, кој од хеликоптер им фрлаше бонбончиња, а потоа се спушти на земја.

Македонските мировници, во чија чест се одржаа денешните настани, извршуваат задачи во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, ЕУ операцијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ и мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија.

Муртезани: Мора да го штитиме процесот од натамошна билатерализација

Мора да го штитиме процесот на пристапување кон ЕУ од натамошна билатеризација, бидејќи таа станува проблем и за самата Европска Унија, вели во интервју за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани..

Според него, нема никаква смисла ако овој процес се води врз основа на одредени историски случувања во 11, 12 или 13 век..

притисни ентер