Започна шестиот Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Со промоција на монографијата „Балканот низ театарската игра“ од театарскиот критичар Гоце Ристовски синоќа во Крива Паланка беше отворено шестото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“.

На отворањето присуствуваа митрополитот кумановско-осоговски г.Јосиф, познати кинематграфи и театарски дејци од Бугарија, доајенот на македонското глумиште, кривопаланчанката Милица Стојанова, годинашниот лауреат Мето Јовановски, како и голем број личности од културниот и јавен живот од Крива Паланка, а фестивалот го порогласи за отворен градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

- Тајната на успехот зависи од постојаноста на намерата, а ние успеавме со постојана надградба и упорност да го одржиме овој фестивал кој стана вистински интернационален мост на театрите од Балканот, а со тоа, културата од разни поднебја е достапна до моите сограѓани, рече Алексовски.

Тој додаде дека соработка со тетатрите од Балканот вроди со нов импулс на штиците на Кривопаланечката сцена.

- Како сублимат од изминатите прт фестивалски години ја промовираме и монографијата од нашиот сограѓанин, познатиот театарски критичар Гоце Ристовски, каде засекогаш во аналите на историјата ќе останат запишани сите гости-театри, некои од нив од наши збратимени градови, а тука се запишани и досегашните лауреати, истакна Алексовски.

Промотор на монографијата беше Трајче Кацаров, кој рече дека Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ ја потврди главната функција на театарот, да коалицира со публиката, а атмосферата во кривопаланечкиот Центар за култура е вистиски доказ за тоа.

Авторот на монографскиот осврт на петте изминати фестивалски години, Гоце Ристовски изјави дека тоа не е само негов труд, но е дело создадено врз база на нешто веќе направено.

- Ако не беа книгите како меморија на човештвото тоа ќе изгледаше сосема поинаку, рече Ристовски.

Фестивалската програма ќе трае од денеска до 22 септември.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер