Законот за бесплатна правна помош функционира, но граѓаните и работниците сѐ уште не си ги знаат правата

Граѓаните постепено учат дека имаат право на бесплатна правна помош, а работниците допрва учат за нивните права и обврски според Законот за работни односи.

Тоа го констатираат од невладината Младински културен центар од Битола, кои во Пелагонискиот Регион на граѓаните им ги објаснуваат можностите за користење бесплатна правна помош според новиот закон од октомври годинава и за користење на правата од работните односи.

Според Ирена Стојчевска од ова здружение на граѓани, кое е овластено за бесплатна правна помош и го спроведува проектот „Пристап до правда во Македонија", граѓаните не знаат сѐ уште како да постапат, има постапки за бесплатна правна помош, но им се неопходни едукации.

– Главна цел на проектот „Пристап до правда во Македонија" е да ја зајакнеме јавната свест кај граѓаните, да ги информираме за нивните права и обврски, првенствено, согласно со Законот за бесплатна правна помош. Законот за бесплатна правна помош започна со примена од 1 октомври 2019 година, кој предвидува два вида бесплатна правна помош: примарна и секундарна. За примарна помош може да се обратат сите граѓани, а овластени се: ние, како здруженија, подрачните единици на Министерството за правда и правните клиники. Додека, пак, секундарната правна помош ја обезбедуваат адвокати, регистирани во Регистерот за бесплатна правна помош, а се финансирани од државата, појасни Стојчевска.

За некој да стекне секундарна бесплатна правна помош мора да исполнува два услова поврзани со приходот и со имотот. Кога е во прашање приходот, барателот не треба да ја надминува минималната плата од 14.500 денари, ако е двочлено семејство, вториот член не смее да има приход повеќе од 2.900 денари, што е услов за секој нареден член во семејството. Како што објаснува Стојчевска, годинава се поднесени осум барања за секундарна правна помош, најмногу за семејно и имотно-правните односи, а за примарната има 190 барања.

–Од поднесените осум барања за секундарна правна помош, пет се според новиот закон за бесплатна правна помош од октомври годинава. Од сите, шест се одобрени и се започнати постапки пред судските органи. Од нив, едно е одбиено, а за друго чекаме одговор. Најчести се семејните и имотно-правните односи. Инаку, во оваа година, заклучно со вчерашниот ден, имаме 190 граѓани кои се обратиле и побарале примарна правна помош. Со оглед на тоа дека Законот за бесплатна правна помош е релативно нов, од 1 октомври годинава, не може да кажам дека бројот на граѓаните кои си ги знаат правата е многу голем. Затоа, нашата цел е и во текот на 2020 година да ги информираме граѓаните преку вакви, едукативни сесии, каде и како може да ги остварат и да ги заштитат своите права, зашто најчестиот проблем е дека не знаат каде може да се обратат за да почнат да ги решаваат своите проблеми, истакна Стојчевска.

Благица Вескоска од Прилеп, адвокат за бесплатна правна помош, рече дека има ангажмани да ги брани правата на граѓаните во бесплатни парници, но битно е дека работниците не си ги знаат правата од Законот за работни односи. Најголем проблем се испатата на платите, придонесите и надоместоците.

– Во неколку наврати сум била ангажирана од Младинскиот културен центар од Битола за бесплатна правна помош. Најчесто тоа било од семејните односи. Пред граѓаните ги презентирам правата на работникот, согласно Законот за работни односи, дали знаат работниците и каде ги остваруваат своите права од работен однос. Работниците не се целосно информирани за своите права и си ги бараат откако ќе им се прекршат. Има судски спорови во основните судови. Најчесто им се прекршуваат правата на исплата на плати, на придонеси, на надоместоци, додатоци. Овие работилници ќе придонесат, а ние ќе се потрудиме да знаат работниците каде и како да се обратат за остварувањето на своите права, вели Вескоска.

Рубинчо Аризанкоски, од невладиното здружение „Достоинсвен работник" нагласува дека мобингот останува актуелен во текстилната индустрија, а проблем остануваат неиспатата на К-15, па и минималната плата.

– Во однос на последните истражувања за претходниот проект на Здружението „Не биди роб, информирај се за своите права", може да заклучиме дека правата на работниците се на ниско ниво во делот на информираноста и запознавањето на нивните права и обврски, а и во усогласувањата со работодавците. Во однос на неисполнувањата на правата на работниците, главно се однесува на неисплаќањето на К-15, имаме проблем со минималната плата. Од таа страна, може да кажам дека Прилеп ја зголеми исплатата. Од друга страна, за жал, мобингот е сѐ уште голем, посебно во текстилната индустрија и во земјоделскиот сектор. Текстилната индустрија е во значително очајна состојба, дел од работниците „бегаат" и одат во компаниите со странски капитал, а во Прилеп се три. Работниците треба да ги усогласат своите права и барања со новиот закон за работни односи кој треба да стапи во сила во февруари 2020, година. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер