Заклучоци од мировната конференција за Украина

 Учеството и дијалогот на сите страни се неопходни за мир во Украина.

Претставници на 80 земји и на пет организации кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната.

Во заедничката изјава се потенцира дека мирот може да биде постигнат само со учество на сите страни.

- Актуелната војна на Руската Федерација против Украина продолжува да предизвикува големи човечки страдања и уништувања, создавајќи ризици и кризи со глобални последици, се наведува во завршната декларација од дводневната мировна конференција во Швајцарија.

Во документот се предупредува дека секоја употреба на нуклеарна енергија и нуклеарни инсталации мора да бидат безбедни, соодветно обезбедени, заштитени и еколошки прифатливи.

- Украинските нуклеарни централи и постројки, вклучително и нуклеарната централа во Запорожје, мора безбедно да работат и под целосна суверена контрола на Украина, во согласност со принципите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и под нејзин надзор, се наведува во заедничката изјава и се потенцира дека секаква закана или употреба на нуклеарно оружје е неприфатлива.

На конференцијата во Швајцарија учествуваа претставници на 92 држави и на осум организации, меѓу кои на Европска Унија, на Советот на Европа и на Обединети нации.

Завршната декларација не ја потпишаа земјите-членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), како и Ерменија, Бахреин, Ватикан, Индонезија, Либија, Мексико, Саудиска Арабија, Словачка, Швајцарија, Тајланд и Обединети Арапски Емирати.

Потписниците на декларацијата, меѓу кои и Украина, оценија дека за постигнување на мир потребно е учество и „дијалог со сите страни“.

На мировната конференција не присуствуваа претседателите на САД, на Кина и на Бразил, Џо Бајден, Си Џинпинг и Луиз Инасио Лула да Силва. Додека потпретседателката на САД, Камала Харис и германскиот канцелар Олаф Шолц си заминале порано.

Русија не беше поканета на мировната конференција, а Кремљ соопшти дека барањето начин за решавање на украинскиот конфликт без учество на Москва е нелогично и залудно.

Според аналитичарите дводневната конференција најверојатно ќе има многу мало конкретно влијание врз завршувањето на војната.

Претходно, премиерот на Канада, Џастин Трудо најави дека наскоро ќе организира меѓународен собир на министрите за надворешни работи посветен на жртвите од војната во Украина.

Видео: Гоца Тржан му одржа лекција на едно момче од публиката

Популарната пејачка Гоца Тржан имаше настап за своите фанови, а поради помлад фан мораше да го прекине концертот за јавно да одговори на неговите барања.

Пејачката Гоца Тржан важи за личност која често гласно ги искажува своите ставови.

Гоца на еден свој настап му „одржа лекција“ на едно момче од публиката кое негодуваше за нејзините песни и бараше да отпее нешто од репертоарот што пејачката го окарактеризира како „денешен минлив тренд во музиката“.

„Пеј нешто за нас“, викна еден дечко од публиката.

- Знаеш што, друже, јас не ги знам знам тие „дрнди мрнди“. Не учев за вечерва, дај кец. Има стари песни што можам да ги изведам. Не би сакала да ги набројувам сите брендови во светот, тоа ми е досадно. - рече Гоца Тржан и предизвика овации кај публиката, а потоа продолжи да ги пее нејзините хитови.

УНРВА: Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа

Во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе, предупреди денеска шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

-Секој ден имаме во просек по десет деца кои остануваат без едната или двете нозе, рече Лазарини на прес-конференција во Женева, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

-Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, рече тој.

Лазарини го спомена и извештајот на невладината организација Save the Children во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините./МИА

Видео: „ChatGPT“ пристигна во автомобилите на „Volkswagen“

„Volkswagen“ конечно го интегрира „ChatGPT“ во своите автомобили.

Оваа технологија ја има кај сите возила од семејството „ID“, како и кај новите модели „Golf“, „Tiguan“ и „Passat“.

Возачите ќе можат да пристапат до „ChatGPT“ преку гласовниот асистент, а тој може да ја контролира климатизацијата, навигацијата и многу повеќе.

„VW“ соопшти дека „ChatGPT“ ќе може да бара информации за туристички атракции или за резултат од спортски натпревар.

Исто така, се додава дека вештачката интелигенција ќе може дури и да прави математички задачи за деца.

Тие ги уверуваат корисниците дека нема потреба да се грижат кога станува збор за безбедноста, бидејќи информациите за возилото се испраќаат анонимно до гласовниот асистент само доколку системот „VW“ може да одговори на барањето, а подоцна автоматски се отстрануваат.

Извор: Б92

притисни ентер