Захарова: Во Авганистан се виде дека НАТО и САД се потполно неспособни

Ситуацијата во Авганистан јасно покажа дека ниту НАТО, ниту САД не се способни ефикасно да ги планираат и координираат своите акции, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Захарова изјави дека апетитите на НАТО растат, како и дека генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во јуни најавил зголемување на военото присуство на НАТО на Арктикот.

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

притисни ентер