Заев во струмичко: Парите ги насочивме кон граѓаните, инвестираме и во инфраструктурата за подобар живот во руралните средини

„Докажавме дека луѓето што ја знаат маката на земјоделците и работникот, може да постигнат успеси. Еден од најголемите капитални проекти, изградбата на канализационен систем за фекална отпадна вода, е за село Банско. 

,,Тоа е 18 км канализационен систем, кој останува трајно да се користи за 2.000 жители тука", рече претседателот Заев на средба со граѓани во село Банско, во општина Струмица.

„Сега со пријатели и решени меѓународни проблеми, со членство во НАТО и почнати преговори со ЕУ, ќе докажеме 10 пати повеќе резултати, комуналната инфраструктура ќе ја развиваме 10 пати посилно. Заедно ќе го подобриме и квалитетот на водата во Банско. Инвестиравме во мрежата, ја саниравме и направивме филтер станица и тој ќе го завршиме до крај според сите стандарди", рече претседателот Заев уверувајќи ги граѓаните дека заедно со Општина Струмица, Банско ќе го има најголемиот СПА центар во државата за развој на туризмот и во лето и во зима.

Во Муртино, претседателот Заев го истакна инвестирањето во инфраструктурата но и зголемената помош кон земјоделците, како и реализацијата на Концептот парите кај граѓаните, преку субвенциите кои се исплаќаат редовно и навремено, субвенцирањето на зелената нафта, покачувањето на пензиите и платите, одлуката за државна социјална пензија, поддршката на стечајните работниците и помошта за повеќе од 500 млади земјоделци.

„Со СДСМ сите кои имаат потреба добиваат поддршка, и тоа навреме. Социјалната помош ја покачивме за 300%. Пензиите ги покачивме за 1.740 денари. Минималната плата беше 9.000 денари, а сега е 14.500. Просечната плата е покачена за 5.000 денари за само две и пол години.

Низ Струмичкиот регион има изградено патишта насекаде, следува целосна реконструкција на патот Робово – Муртино - Банско. Патот кон Берово е целосно рехабилитиран. Го отвораме струмичкиот регион комплетно со експресниот пат Радовиш - Штип. Правиме проект Смоквица - Валандово, Валандовско Брдо - Струмица граничен премин кон Бугарија и кон автопатот со Грција на коридорот 10", рече претседателот Заев и ја најави новата програмата од Европската инвестициона банка за канализации и водоводи од 50 милиони евра, како и средствата од 49 милиони евра пренаменети од Штипскиот аеродром за изградба на градинки, училишта, спортски сали и комунална инфраструктура за сите", потенцираше претседателот Заев и повтори дека ќе продолжи зајакнувањето на економијата.

„Ќе продолжиме да го јакнеме економскиот стандард на нашите граѓани преку враќање пари назад во семејствата. Лажните патриоти за сите 11 години ги интересираше само власт, пари, моќ и ништо друго. Мицкоски е десната рака на Груевски, сакаат пак да се закануваат на луѓе и по партиски штабови да прават списоци за субвенции или за социјална помош. Сега парите одат назад кај граѓаните, а не во споменици, музеи и стиропорни фасади како што одеа 11 години", заклучи претседателот Заев, соопшти СДСМ.

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер