Заев во Чегране: Правиот пат ќе не однесе во Европа, а Европа ќе ни ја донесе дома

„Најважна цел на нашата политика е земјата да стане подобро место за живеење за сите. “

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со претседателот на комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче и директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми, синоќа беа во посета на гостиварското село Чегране со цел на жителите да им ги престават приоритетите за новиот мандат по изборите на 12 април.

„Најважна цел на нашата политика е земјата да стане подобро место за живеење за сите. И во тој дух е сè што правиме – и носењето тешки одлуки, и целиот наш труд и посветеност – сето тоа е за да добиеме резултати кои ќе ги почувствува секој, без оглед на етничката припадност или политичката, и која било друга определба. Заедничка цел е да имаме богата и економски силна држава. Тоа ќе значи и поголем број работни места, но ќе значи и задржување на младите тука"- посочи Заев пред граѓаните.

Жителите на Чегране со нетрпение очекуваат државата да стане членка на НАТО и на ЕУ за да им пораснат надежите и очекувањата дека земјата е на прав пат. Затоа Заев ги увери дека со полноправното членство во НАТО стануваме побезбедни, посигурни и поповолни за инвестиции.

„Европската иднина е цел на која остануваме доследни, без оглед на тешкотиите кои се испречуваат на патот, затоа што со таа цел пред нас, имаме силен поттик и патоказ како да направиме сеопфатни и квалитетни промени со кои и фактички ќе станеме дел од развиениот свет. Правиот пат ќе не однесе во Европа, ама и Европа ќе ни ја донесе дома"- истакна Заев.

Граѓаните се пожалија за нарушената безбедност и здравје поради експлоатација на минерални суровини во околината на селото. СДСМ застанува на страна на народот и затоа во собраниска процедура се пуштени измените на Законот за минерални суровини со кои се овозможува раскинување на договор со концесионер поради нарушување на јавниот интерес. Очекувањата се дека овие измени ќе поминат брзо затоа што ништо не е поважно од здравјето на децата.

Способноста на државата и функционалноста на институциите подразбира и владеење на правото и воспоставување систем на вредности со почитување на човековите права на секој поединец.

„Правната држава мора да функционира за да можеме да обезбедиме фер судски процеси и независен судски систем. Такви примери се случаите Сопот и Монструм. Јавноста знае дека досието за Сопот е решено и дека погрешно обвинетите се парично обесштетени од државата за местенката што им ја приреди режимот на ВМРО ДПМНЕ, додека во предметот Монструм обвинетите веќе не се во притвор и судењето започна од почеток, со цел да им се даде можност на обвинетите да го искористат правото на еднаквост во процесот- аргументираше претседателот на СДСМ.

Во партијата остануваме доследни на концептот Едно општество, затоа што само заедно можеме да просперираме и затоа што богатството на нашата земја е во разликите, а тоа го препознаваат и сограѓаните Албанци.

„Мора да се стремиме да бидеме еднакви во општеството и државата. Еднакви пред институциите, еднакви пред законот. Дискриминацијата не носи ништо добро, освен насилство, поделби, незадоволство, конфликти. Кога станува збор за посебните права на некоја етничка заедница, не смееме да дозволиме да ни се повторуваат омразата и препукувањата. Законот за употреба на јазици не е прашање кое треба повторно да ја дели државата, туку треба да го решиме на начин кој ќе биде корисен за граѓаните. Да биде применлив, а не само да биде букви на хартија. Како што се реални проблемите, така да се реални и остварливи решенијата. Да не потпаѓаме под хушкачките и деструктивни изјави, на кој било политичар, без оглед дали е Албанец или Македонец. Јас длабоко верувам дека нема политички проблем кој не може да се реши со разговор, договор, со човечки пристап-заклучи Заев пред жителите на Чегране.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер