Заев: Успение на Пресвета Богородица е празник на почитувањето, разбирањето и помагањето

Мандатарот Заев пред изјавата за медиумите го посети храмот во М.Каменица заедно со потпретседателот на партијата Љупчо Николовски и министерот за здравство Венко Филипче, каде запалија свеќа за здравје и направија краток разговор со присутните.

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Зоран Заев денеска од Македонска Каменица им го честиташе големиот христијански празник на сите христијански верници, порачувајки дека овој празник е еден од најголемите христијански празници, кој ги слави универзалните човекови вредности меѓу кои почитта, разбирањето и помагањето едни со други.

-Празнувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица е празнување на почитувањето, помагањето, разбирањето и сакањето на блиските, на човекот. Нека денеска слаивме и сите денеска пред нас и овие универзални човекови вредности затоа што делејќи разбирање, помагање, почит, љубов према луѓето, према блсиките, спрема нашата околина навистина го прави вреден животот наш за живеење. Овој голем празник го славиме сите христијани затоа што е симбол на нашата вера. Успение на Пресвета Богородица е еден од најголемите наши христијански празници. Нека е за многу години, рече Заев во честитката до граѓаните од пред храмот Успение на Пресвета Богородица која е заштитничка на општината.

Мандатарот Заев пред изјавата за медиумите го посети храмот во М.Каменица заедно со потпретседателот на партијата Љупчо Николовски и министерот за здравство Венко Филипче, каде запалија свеќа за здравје и направија краток разговор со присутните. /МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

притисни ентер