Заев:Соработка на спасувачките екипи на земјите од соседството силен знак што може да постигне регионот кога се работи заедно

Премиерот Зоран Заев, кој престојува во Албанија, синоќа во Тирана присуствуваше на хуманитарен концерт „Ти никогаш нема да бидеш сам" посветен на процесот за обнова по разорниот земјотресот од 26 ноември.

По настанот тој на својот профил на Фејсбук напиша дека продолжува континуираната поддршка за утеха од трагичниот исход за закрепнување од последиците од земјотресот што го погоди Драч, и другите населени места во Албанија.

Посочува дека во знак на таа поддршка, со премиерот Еди Рама и претсeдателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувале на концертот на класични оперски арии во Тирана, во изведба на најдобрите артисти на албанската опера.

-Трагичните настани носат ненадоместливи загуби, но, тоа се моменти кога на најдобар можен начин може да се изрази пријателството и поврзаноста меѓу народите. Донаторскиот концерт за ублажување на последиците од земјотресот е само почеток и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофи која утре ќе биде опфатена како нов столб за соработка меѓу земјите од Западен Балкан, напиша Заев.

Искрената и посветена соработка на спасувачките екипи на сите земји од соседството веднаш после трагичниот земјотерс, потенцира заев, е „силен знак за она што може да го направи нашиот регион кога работиме заедно".

Постот на премиерот Заев по концертот, доби широк публицитет во албанските медиуми.

Инаку, денеска претпладне Рама, Заев и Вучиќ ќе посетат неколку делови на Драч, кој беше најпогоден од разорниот земјотрес од 26 ноември. Потоа во хотелот Рогнер во Тирана ќе го одржат состанокот на иницијативата „Мини Шенген" која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните.

Првиот состанок беше одржан во Нови Сад, вториот во Охрид, додека следниот најавено е дека ќе биде во Белград.

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. 

Елегантни моторџии облечени во палто, елек и вратоврска денеска по деветти пат како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ ќе дефилираат низ скопските улици со цел да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата.

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. Организаторите најавуваат учесници и од останатите градови од државата и гости од Косово. Меѓу нив има доктори, професори, личности од јавниот живот кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата.

„The Distinguished Gentlmens Ride“ годинава се одржува во 959 градови низ светот. Учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави.

Скопје е дел од ова движење од 2016 година. Досега учествувале 1.172 учесници, а собрани се 18.836 евра.

Глобалното движење почна на иницијатива на Марк Хава во 2012 година во Сиднеј кога тој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува помасовно секоја година. Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата. /МИА

Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Телата на четворица мигранти се пронајдени во близина на брегот на Тунис, а крајбрежната стража во посебна операција спасила 52 лица, соопшти Националната гарда.

Се додава дека гардата уапсила девет шверцери и ги запленила чамците.

Најмалку 23 туниски мигранти исчезнале откако со чамец се упатиле кон Италија, соопшти претходно Националната гарда.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток во потрага по побезбеден живот во Европа. /МИА

Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар - 19 Мај

Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ денеска се одбележува 19 Мај - Светскиот ден на семејниот лекар.

Здружението на лекари по општа медицина - семејна медицина (ЗЛОМ СМ), информира дека за таа цел во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 14 часот граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите по семејна медицина ќе даваат совети за здрави животни навики.

Предвидена е и прес-конференција за медиумите.

притисни ентер