Заев- Секизќок: Турција била и останува наш голем пријател и сојузник, работиме на поголема економска соработка меѓу двете земји

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во седиштето на партијата се сретна со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Хасан Мехмет Секизќок.

На средбата се разговараше за односите помеѓу двете земји, економската соработка, како и за повеќе актуелни теми.

Претседателот Заев му честиташе на Секизќок за функцијата и му посака успешен мандат како амбасадор на Турција во нашата земја, изразувајќи надеж дека добрите односи помеѓу двете земји дополнително ќе се развиваат.

- За нас е Турција е еден од најголемите и најдобри пријатели. Не ја забораваме поддршката што Турција ни ја даваше во важни моменти за нашата земја, но ја цениме и постојаната помош и поддршка на пријателска Турција. Имаме значајна економска соработка, Турција е еден од најголемите инвеститори во Република Македонија и позитивно влијае врз намалување на невработеноста, зголемување на платите и севкупен економски раст. Новите турски инвестиции но и оние од претходно се задоволни од условите за водење бизнис во Македонија. Тоа секако ќе значи охрабрување на нови бизнисмени од Турција да вложуваат во нашата земја, посочи претседателот Заев.

Во разговорот претседателот Заев се осврна и на евроинтегративниот процес и упати благодарност до Турција за нејзината поддршка кон интеграцијата на Македонија во НАТО.

- Членството во НАТО е извесно се чека само ратификацијата на Шпанија. Со право очекуваме во најбрз можен рок, ЕУ да даде зелено светло за започнување на преговорите затоа што сторивме се што требаше и кончено по 15 години кандидатски статус да започнеме преговори за членство, порача Заев.

Амбасадорот Секизќок истакна дека Турција продолжува да ја поддржува Република Македонија и изрази задоволство што овие две држави наскоро ќе станат партнери во НАТО Алијансата. Амбасадорот на Турција посочи дека интерес на двете држави е да има поголема економска соработка и затоа ги поттикнуваат турските бизнисмени, да го искористат потенцијалот и уште повеќе да инвестираат во Република Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Милијардерот Мурдок (92) ќе се жени со поранешната тешта на олигархот Роман Абрамович

Милијардерот Руперт Мардок е фотографиран со неговата свршеница, 25 години помладата Русинка Елена Жукова.

Парот е фотографиран како го шета своето куче, а окото го привлече огромниот веренички прстен на Елена.

Венчавката ќе се одржи во Калифорнија, во Murdoch's Vineyard and Moraga Estate, а на Руперт ова му е шеста свршувачка. Американскиот милијардер и медиумски магнат минатата година се вери со Ен Лесли Смит, но свршувачката траеше само две недели.

Мардок и Жукова беа сликани заедно во август минатата година, откако раскина со поранешната свршеница. Жукова, по професија молекуларен биолог, е мајка на Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович.

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - одбележана 121 годишнина

Владина делегација ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Денес се сеќаваме на големото дело на Гоце Делчев како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба за македонска држава која е еднаква за сите. Тој се бореше и го положи својот живот за слободна и независна Македонија, неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја. Вечен останува споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, соопштуваат од Владата.

Лукаревска: Почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев.

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер