Заев се уште оптимист за законот за ЈО, не гледа никаква причина за одложување на изборите

На секој во државата му е веќе јасно дека Мицкоски и опозицијата не сакаат законско решение за јавни обвинителство. 

Уште еднаш ги повикувам да ме демантираат ако не е така, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред средбата со компаниите-членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со последниот предлог на Мицкоски, Заев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ можеше да понуди закон преку експерти пред две години, шест или три месеци.

Далеку од сериозен е, рече, предлогот на Мицкоски според кој, законот веројатно би се донел до ноември годинава, а ваквата несериозност граѓаните ја препознаваат.

Заев напомена дека земјава е во фаза на неколку денови пред распуштање на Парламентот и денеска на владина седница, требаше да се усвои законско решение за да има доволно време да поминат процедурите и во Собранието. Тој потврди дека мнозинство за гласање се уште нема, но се прават напори за негово обезбедување.

Во однос на законското решение, сериозни сугестии дале дел од опозициските албански партии и повеќето од нив се прифатливи. Прифатливи се и некои од мислењата на независната пратеничка група, но дел се, како што рече Заев, тешко прифатливи. За законот ќе биде консултирана и европската делегација во Скопје.

Претседателот на СДСМ не гледа никаква причина за одложување на изборите кои се закажани за 12 април, но можно е, рече, евентуално пролонгирање на распуштањето на Собранието. Сепак тој нема да дозволи, како што нагласи, пратениците од СДСМ да го стиснат копчето за распуштање на Парламентот пред да бидат донесени клучните закони, меѓу кои и оној за јавното обвинителство.

-Предлози за законот за јавно обвинителство доставија сите кои учествуваат во работните групи. Амандамните кои се разгледуваат, и оние од незавинсите пратенички групи, верувам ќе бидат обелоденети. Направија состојба да ја стават Владата во сериозно размислување за да види што е она што може да го прифати, а да не се поминат црвените линии на ЕУ заради европската регулатива која сакаме да ја преточиме во законот, истакна Заев.

Би било неразумно, дополни, законот да не се донесе сега, пред избори, со што земјава би пратила сериозен сигнал до ЕУ дека прави се за да ги спроведе реформите.

Заев откри и дека денеска сугерирал законот за јавно обвинителство да се помести како точка од дневниот ред на денешната владина седница за четврток само за да се дочекаат и да се затворат предлозите.

-Конечното решение со сите сугестии нема да биде лесно да се усогласи, но ќе седнеме и ќе работиме до ниедно време за да донесеме правично решение. Во разговорите со независните пратенички групи има сериозни предлози, ја сфаќам нивната суштина. Тоа е и една од причините за одложување на точката од владината седница за внимателно да ги разгледаме, но верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ може да достави вакви предлози. Допрва да се формира работна група од експерти кои би работеле на законско решение, би било предложено кога, во октомври 2020? Догодина на пролет? Дајте сериозно да ја сфатиме работата, за нашата земја се работи и за исполнување на стратешка цел – почеток на преговори со ЕУ која носи благидет за сите. Навистина сакам да ме демантираат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не се против законско решение и дека не сакат намерно да го опструираат неговото донесување, а тоа ќе го направат ако дадат предлози, подвелече Заев.

Во врска со Парламентот истакна дека може да се користи периодот од 45 до 60 дена за распуштањето.

-Изборите можат пак да бидат распишани, и на 60 дена, но распуштањето на Парламентот заради вакво законско решение ако треба ден, два, три, пет, седум, нема проблем никаков да биде тоа направено, како што рече и претседателот на Собранието, смрзнувајќи ги неопходните рокови на ДИК, но тие се врзани со распишување на изборите, не се врзани со распуштањето на Парламентот, рече претседателот на СДСМ.

Тој уште еднаш изрази надеж дека до распуштањето на Собранието, ќе бидат донесени законот за одбрана и за јавно обвинителство, како и Протоколот за НАТО кои се исклучително значајни за земјава.

-Верувам дека до рокот за распуштање на Парламентот, до 12-ти, ќе ги изгласаме независно дали ќе поминат или не, а секако, ако има потреба од неколку дена, тоа ќе биде овозможено, истакна Заев.

Законот за јавно обвинителство може да биде изгласан со консензус, на што Заев се надева, со 80 и повеќе пратеници или воопшто да не помине.

-Наша должност е да го ставиме на гласање и да испратиме сериозна порака до Европската комисија. Во однос на тоа што се дава како предлози се однесува на користењето на материјалите, истрагите, како тоа мора да биде дефинирано, континуитетот на предметите. Верувам дека пратеничката група денеска, утре, задутре ќе ги објасни сите овие работи и нам како Влада ќе ни помогне да сфатиме зашто има сериозна аргументација внатре, но не сакаме да донесеме полошо законско решение. Верувам дека процесот низ дијалог и разговор секогаш дава решение. Синоќа многу од работите ми изгледаа тешки, но разговараме, предлозите се на маса. На крајот може и да не се договориме, а може и ќе се договориме, повтори Заев. /МИА

Ликвидација среде Солун- тројца од возило во движење изрешетале Грузиец (ВИДЕО)

Грчката полиција трага по три лица кои денеска околу 14 часот испукале неколку истрели и убиле маж (41), кој веќе им бил познат на органите на прогонот.

Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови.

Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште.

Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата.

Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја симнувал кацигата. Еден куршум го погодил во грбот, друг во рамото. Очевидци наведуваат дека тој се симнал од моторот, поодел неколку чекори и паднал мртов.

Сè се случило пред бројни сведоци.

На терен се голем број полицајци, а овој дел од градот е блокиран.

Членови на ИПА пред Велигден го посетија геријатриското одделение при Општата болница во Охрид

Денеска, во пресрет на најголемиот христијански празник Великден-Христовото воскресение, Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид го посети геријатриското одделение при Општата болница во Охрид. 

23 повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат, не пречекаа со насмевка на лицето и ни пуштија рака во знак на добродојде. Ним, од срце им го честитавме Великден, ги прашавме како се, како се чувствуваат, како го поминуваат денот, им посакавме добро закрепнување, добро здравје и среќни моменти. Честитки за Великден упативме и до целиот тим на одделението, предводен од доктор Соња, им посакавме добро здравје и им искажавме почит за нивната посветеност во зачувувањето на здравјето на луѓето за кои се грижат.

Баба Стојанка која има 96 години, баба Доста и останатите, не испратија со насмевка, од душа ни рекоа „да остарите и вие“ и не поздравија со најдобриот христијански и великденски поздрав „За многу години“. Така срдечно и топло, од душа не поздрави и дедо Божин кој не испрати до врата, ги крена рацете високо и среќно, и ни рече „Бидете живи здрави, да живее Македонија, да се видиме пак“. Ќе се видиме дедо Божин, бабо Стојанке, баба Доста, ќе се видиме, со Господ напред, да сме живи здрави сите, за многу години. Благодарни сме што не примивте денеска и што со Вас, како наши пријатели, се почувствувавме посреќни.

Нашите дедовци и баби, нашите повозрасни претци, ја заслужуваат целата љубов и почит на овој свет. Тие беа и се, нашиот столб. Тие се вградија себе си во нас, во нашиот развој и во напредокот на Македонија.

SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.

Претседател на ИПА ОХРИД

М-р Стефан Димоски

Во Кумровец одекнаа сирените во 15.05 часот во чест на Тито

Со звукот на сирените во 15 часот и 5 минути и со полагање венци и палење свеќи денеска во Кумровац беше одбележана 44-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито.

Бројни делегации, меѓу кои и оние од општина Кумровец, Здружението на друштвата Јосип Броз Тито и Здружението на антифашистички борци и антифашисти (САБА) на Република Хрватска и Крапино-загорската жупанија, предводени од префектот Жељко Колар, положија венци до споменикот пред родното место на Тито, објави Индекс.

Претседателот на САБА, Фрањо Хабулин рече дека мисли оти Загорје и Хрватска имаат човек со кого можат да се гордеат.

„Тито беше пред сѐ револуционер, човек кој го крена народот на сенародно вооружено востание против окупаторите, но и против нивните слуги, локални квислинзи од сите бои, во Словенија од белогардеците, усташките, четниците и така натаму. Како војсководец успешно ја водеше народноослободителната борба до конечната победа над антифашизмот на нашите простори“, рече Хабулин.

Тој, исто така, потсети дека Тито беше креаторот на Движењето на неврзаните, кое одигра значајна улога во смирувањето на тензиите за време на Студената војна меѓу источниот и западниот блок. „Тие ги обезбедија условите за релаксација, мир и стабилност во светот. Така, тоа беше Јосип Броз и затоа сме денес овде“, заклучи Хабулин.

Префектот Колар рече дека овој пат и на својот Загорец му оддаваат едноминутно молчење „за она што го направи добро во животот и остави белег во историјата“.

„Победник во Втората светска војна, војсководец, јасно и одлучно „не“ на Сталин во 1948 година, Уставот во 1974 година кој ѝ овозможи на Хрватска да има правна основа да прогласи независна државност, за жал стекната со крв благодарение на нашите хрватски ветерани. Доста за еден живот, за еден човек, огромна работа“, нагласи Колар.

Првиот човек на општина Кумровец Роберт Шплајт рече дека овојпат општината организирала богата програма за одбележување на годишнината од смртта на Тито. „Луѓето доаѓаат овде во Кумровец да се потсетат на старите времиња, на историјата што е зад нас, а не да ја идеализираат и да направат приказна за поранешната држава и да ги вратат духовите од минатото“, рече Шплајт.

притисни ентер