Судењето „Поткуп“ траеше два часа. Заев изјави дека во комуникациите обезбедени со пи – мерките, немало договарање за поткуп.
„Комплетно е чисто. Јас и знаев какви и можат да бидат разговорите, заради тоа што кога немате ништо нѝ помислено, не можат да бидат и други разговорите. Така што, прецизно во сите телефонски разговори и во текот на сиве овие години ги ислушавме сите детали во разговорите, зборувајќи со господинот Иво Николов, зборувајќи со службениците во општината и се работи само за завршување на предметите. Доказ е дека одредени предмети веќе се завршување во тој и овој период. Никој не побарал ниту пари, ниту било што. Тоа само по себе потврдува дека се работи за монтиран процес“, изјави премиерот Зоран Заев.
Неговите адвокати, сè уште не добиле одговор од Апелација, дали јавноста ќе ја види снимката – доказ, којашто делумно беше објавена на „Јутјуб“. Наредното рочиште е закажано за 30 април.
Претходно Заев ислуша неколку разговори прибавени со ПИМ. Сведочеше и бизнисменот Иван Николов. Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал мито од 160.000 евра од локалниот бизнисмен Николов.