Заев на фестивалот „Игри без маски“: Празнување на еднаквоста со театарска уметност да живее уште долго

Премиерот Зоран Заев имаше обраќање на петтиот меѓународен драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маска“ – театар без дискриминација кој е единствен фестивал од овој вид во земјите од Западен Балкан.

На овој настан, премиерот Заев го придружуваше неговата сопруга Зорица, која во името на семејството Заеви, на претставниците на организацијата „Тризомија 21“, која го организира фестивалот, им предаде донација во финансиски средства за поддршка на оваа манифестација.

Во своето обраќање претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев истакна:

„Денеска гледајќи ги насмеаните лица, знам дека во изминативе три дена се исполнети душите со позитивна енергија и дека сите уживаат во уметноста којашто ја споделија овие деца, сами меѓу себе и со сите нас и би рекол, вистински актеришта.

Пет – годишната традиција на „Игри без маска, театар без дискриминација“ воопшто не е мал јубилеј и секако е повод истиот да се слави, особено имајќи го предвид фактот дека овој меѓународен фестивал е единствен на Балканот од ваков вид.

По примерот на ваквите фестивали, чија крајна цел е вклучување на лицата со попреченост во сите културни настани, политиката на Владата е пред се, создавање на општество кое повеќе нема да ги стигматизира лицата со каква било попреченост.

Да создадеме општество коешто во себе ќе ги вклучи сите без разлика на нивниот физички изглед или ниво на ментален развој.

Она што започнавме да го правиме за лицата со каква било попреченост уште минатата година, секако не запре годинава. И ве уверувам дека со засилен интензитет ќе продолжиме да го правиме и понатаму.

Лани започнавме со многу законски решенија во делот на законот за социјална заштита, односно овозможивме низа олеснувања за исполнување на правата на лицата со попреченост. На пример родителите можат да работат со скратено работно време и по 26-тата година на своето дете со попреченост, а правото на посебен додаток по навршување на 26-тата година, по автоматизам преминува во право на помош и нега од друго лице.

Секако Националната стратегија 2018-2027 наречена „Тимјаник“ е одлична можност да ги адресираме правците на вистинска грижа и социјализација на нашите сограѓани.

Во насока на проширување на мрежата на постоечки услуги и алтернативни форми на грижа и заштита на овие ранливи категории на граѓани се отворени неколку нови дневни центри и тоа: за деца со церебрална парализа во Прилеп и Скопје, за деца со попреченост во Велес, Кочани и во Македонска Каменица. Отворен е и центар за продолжен престој на деца со попреченост во Куманово, а во завршна фаза е отворањето на центар за престој и рехабилитација на деца со даунов синдром во Скопје.

Како поддршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост, ги зголемивме вкупните износи за поддршка и посебен додаток и уште многу други привилегии, но не би сакал денеска навистина на овој прекрасен настан да ги кажувам сите овие новини кои се случуваат во поддршка на лицата со посебни потреби. Денеска сме овде да дадеме поддршка токму на нашите сограѓани, лицата со посебни потреби за да можат да се чувствуваат еднакви да може да се чувствуваат рамноправни и да можат сите заедно еднакво да му се радуваат на животот.

Сметајте на поддршката и понатаму од Владата на Република Македонија за сите овие инклузивни активности коишто ги организирате. И во името на Владата, Ви благодарам на сите и на организаторите и на училиштата коишто заедно создавате нешто коешто ја прави Македонија, поубаво место за живеење за сите.“

На крајот на обраќањето на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претставник на здружението „Тризомија 21“, на премиерот Зоран Заев, му подари маска во рамка, во знак на благодарност за поддршката.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер