Заев: Масовната вакцинација истовремено со земјите од регионот, првите вакцини во февруари

 Првите количини од „Фајзер" вакцината ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021, изјави премиерот Зоран Заев. 

Нагласи дека Министерството за здравство од почетокот на пандемијата, поточно веќе осум месеци е во преговори со Ковакс механизмот, за набавка на вакцини против Ковид-19 на Светската здравствена организација и на Глобалната алијанса за вакцинација и во 2021 година започнуваат со активности за конечно запирање на ширењето на Ковид-19.

Набавката подразбира 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот.

-Веќе е потврдено дека првите количини од „Фајзер" вакцината ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021 Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони, истакна Заев.

Започнат е процесот на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид-19, а сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината се вклучени во обуката со поддршка на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

-Се подготувуваме и набавуваме фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури. Добри вести се и оние кои велат дека вакцини за нашите граѓани ќе пристигаат во исто време кога ќе пристигаат и кај некои од земјите-членки на ЕУ како што се Бугарија, Австрија, Грција, Полска и кои веќе најавија дека дел од нивните вакцини ќе бидат распоредени и за земјите од Западен Балкан, вели премиерот.

Додава дека темпото за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 го утврдува Ковакс системот. -Тоа е систем на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација, кој што овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам. Сите земји од регионот и Европа аплицираа во тој механизам, нагласува Заев.

Во врска со критиките на опозицијата дека власта не се потрудила доволно за побрза набавка на вакцините, Заев вели дека Министерството за здравство веднаш откако се укажала можноста за директни преговори со производители на вакцини против Ковид-19, стапило во контакт со произведувачи на вакцини како Фајзер и Астра Зенека.

-Водиме преговори и со други произведувачи кои се на пазарот. Првите сериозни количини вакцини кои може да направат реална промена на иминуолошки план ќе ги добиеме во исто време со останатите земји од регионот. Масовната вакцинација во Северна Македонија ќе се случува во исто време со земјите од регионот, вели Заев.

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори

Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" по член 165-в од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година.

Пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. /МИА

Реал и Модриќ постигнаа договор за продолжување на договорот

Лука Модриќ и Тони Крос најверојатно ќе останат во Реал Мадрид.

Претходно се дозна дека клубот е подготвен да ја продолжи соработката со овие играчи.

Според „Марка“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во последните часови имал средби со Модриќ и Крос. Мадриѓаните веќе постигнаа начелен договор со хрватскиот играч за врска за продолжување на договорот. Ја прифати новата улога во тимот - Лука сезонава поретко се појавува во стартниот состав.

Што се однесува до Крос, клубот сè уште не постигнал договор со него. Но и Германецот е блиску до продолжување на договорот за една сезона./МИА

притисни ентер