Заев: Ќе продолжиме да правиме сѐ за лицата со Даунов синдром и за лицата со друга попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил напиша дека ќе продолжат да прават сѐ за лицата со Даунов синдром и за лицата со друга попреченост и оти секогаш ќе бидат заедно со нив.

– Денеска е Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром кој оваа година се одбележува со повикот сите заедно да се посветиме на поврзувањето со овие лица, со овие наши сограѓани, и секој од нас да создаде услови лицата со Даунов синдром да бидат прифатени во општеството и да учествуваат во сите сфери во заедницата, врз еднакви основи како и за сите други. Ова е особено важно во време на КОВИД-19, и затоа Владата и нејзините политики, како и нивното спроведување преку надлежните институции, е целосно посветена и во согласност со овие препораки на светско ниво, како меѓународно признаено универзално право на секоја личност, вели Заев во објавата.

Токму затоа, посочува тој, гордо и со исклучително задоволство тврдам, дека ги прифативме и со огромни чекори ги спроведуваме европските напредни практики и ја менуваме свеста преку мотивот- едно општество и исти права за сите.

– Креиравме одржливи политики во основниот систем за поддршка и вклучување на лицата со Даунов синдром и за лицата со други попречености во здравството, образованието и социјалната заштита кои предничат во регионот. Ги зајакнавме стручните служби во училиштата кои работат со учениците со попреченост, како од аспект на обезбедување доволен број наставници, специјални едукатори и рехабилитатори, педагози и психолози, така и од аспект на подигнување на нивната стручност преку континуирани обуки и тренинзи, истакнува тој.

Заев во објавата напоменува дека системски се ангажирани над 300 образовни и лични асистенти, кои заедно со сите останати членови на инклузивниот тим од кој дел се и самите родители, им помагаат на децата со Даунов синдром и со други попречености, полесно да ги совладуваат образовните процеси и сите останати предизвици за независно и самостојно живеење.

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола

Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.

„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.

Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5.000 „бунтовници“, соопштија француските власти.

Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.

Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Стопанската комора на Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти - темели за просперитетна иднина на Македонија“. 

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

притисни ентер