Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците

Укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците ќе ги испочитуваме и ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда.

Заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го кажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета во Прилеп, каде беше на увид на работите на клучката кај Технолошко-развојната индустриска зона.

-Уште кога дебатиравме и со самото донесување на Законот, рековме дека ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме. Затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија која е добар репер за сите законски решенија од областа на правото и е прецизна за правосудството. Добро е што се поминува границата на европската употреба на јазиците, но сепак, нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква, навремена правда и неспречување на правдата. Тоа е врвно човеково право и се однесува, буквално на сите, рече премиерот Заев.

Верувам, додаде тој, дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува. – Значи ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Веницијанската комисија го кажува и потоа ќе се пушти во Парламентот за негово донесување. Во разговорите учествуваа Министерството за правда, потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет, одржавме неколку состаноци, неодамна беше и генералниот секретар на Венецијанската комисија, така што, сме усогласени, рече Заев.

Како што реќе, СДСМ е авангардата за донесувањето на овој закон, заедно со коалицискиот партнер и дека поддршка дале и другите албански политички партии, но и другите партии од помалите етнички заедници, зашто тоа е придобивка за сите.

Премиерот Заев посочи дека станува збор за Закон за употреба на јазиците, онака како што предвидува Уставот.

Тој нагласи дека законските решенија се авангардни дури и за европските конвенции и дека Законот за употребата на јазиците не е за да се прави тензија, туку да се разбираме сите и да се почитува Уставот.

– Не беше одамна кога го донесовме Законот за употреба на јазиците. Прво направивме авангардна, проевропска одлука, согласно со Уставот кое беше обезбедено за граѓаните, но со Закон не беше дозволено. Тоа го овозможивме. Функционира повеќе од една година. Почитувани прилепчани, струмичани, гевгеличани, гледате дека не мора да се учи албански, се разбира, освен оној кој сака да ги усовршува знаењата. Да ја разбиеме таа лоша теза која предизвикуваше одредени националистички нетрпеливости во државава. И самата Венецијанска комисија кажува дека Законот е авангарден. Дури ги поминува одредените европски конвенции во делот на правата на употребата на јазиците. Јазиците се да се разбереме, рече Заев.

Тој изрази уверување дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува. – Тоа ќе го направи СДСМ сигурно, а верувам сигурно тоа ќе го направат и нашиоте коалициски партнери зашто разговараме за оваа работа. Никој не сака да загуби предмет на суд или да биде неправично осуден, односно самата пресуда да не стигне, или каква било граѓанска постапка поради тоиа што одредено друго право било надминато поовеќе од црвените линии, па правото на правда било нарушено. Тоа не смееме да го дозволиме. Секако сите други укажувања ќе ги адаптираме, истакна Заев.

Министерството за правда, како што рече, ќе ги подготви измените, уште еднаш ќе се испратат за да се каже (Венецијанската комисија) дали е тоа – тоа за да може соработката да ја потврдиме и ќе се пушти во Парламентот за тој да го констатира.

-Така, верувам дека транспарентноста е здрава за сите. Дури, ваквите авангардни решенија носат права, поголем квалитет на животот за сите во нашата мултиетничка земја. Дефинитивно сакаме да бидеме европска земја и Венецијанската комисија треба да ја почитуваме, рече премиерот Зоран Заев. /МИА

Милан се откажа од Лопетеги по протестите на навивачите

 Хулен Лопетеги нема да го води Милан. Шпанскиот стручњак беше фаворит за функцијата главен тренер на „Росонерите“. Неговата кандидатура ја одобри сопственикот на клубот Џери Кардинале. Страните разговараа за договор на 3 години.

Сепак, според „La Gazzetta dello Sport“, миланезите одбиле да го поканат Лопетеги по протестите на навивачите. Петицијата со хаштаг #Nopetegui (Нопетеги) ја потпишаа повеќе од 10 илјади луѓе за 48 часа.

Милан наскоро ќе ја продолжи потрагата по нов тренер. Условите се: да развива млади играчи, да има меѓународно искуство и да соработува со раководството на клубот при донесување одредени одлуки.

Сегашниот тренер на Милан, Стефано Пиоли по завршување на сезоната ќе го напушти клубот поради незадоволителни резултати.

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Германија во април изнесуваше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, соопшти денеска германската Сојузна агенција за труд.

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

За априлската статистика, Агенцијата користела податоци кои биле достапни до 15-ти во месецот, пренесува порталот Wirschaftsvohe.

„На пазарот на трудот сè уште му недостига силна поддршка на економијата, така што пролетното закрепнување останува слабо“, изјави членот на управниот одбор на Агенцијата, Даниел Терзенбах.

Побарувачката за работници исто така благо опаѓа, но и натаму е на многу високо ниво.

Агенцијата за труд во април регистрирала 701.000 слободни работни места во Германија, што е за 72.000 помалку од пред една година.

Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

- Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

притисни ентер