Заев: Двесте компании со германски капитал вработуваат 20 илјади граѓани

Двесте компании со германски капитал вработуваат 20 илјади граѓани, тоа е доказ дека нашата земја има европски стандарди за бизнис.

Тоа го истакна премиерот Зоран Заев вечерва во Берлин на годишниот прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство.

Заев како почесен гостин на оваа свеченост, имаше свое обраќање на тема „Реформите во стопанството и општеството – Патот на Северна Македонија во ЕУ", и зеде учество во панел дискусијата насловена „20 години од Пактот за стабилност за ЈИЕ-перспективите за регионална соработка".

Во своето обраќање „Реформите во стопанството и општеството – Патот на Северна Македонија во ЕУ", претседателот на Владата на РСМ Заев потенцираше дека паралелно со политичките реформи, зајакнувањето на институциите и целосната демократизацијата на земјата, Северна Македонија влезе посветено во создавање услови за економски раст и во создавање на поволна клима за привлекување на интересот на странските инвеститори, како и на поддршка на домашните компании со својот развој, да учествуваат во развојот на земјата.

-Пред 10 дена добивме уште една, овој пат безусловна препорака за старт на преговорите по поглавјата со ЕУ. Заедно со процесот за членство во НАТО, признанијата се однесуваат и на нашите политички остварувања во добрососедската политика. Северна Македонија нема отворени прашања со соседите, а храбрите одлуки се наградени со признанието дека ние сме блескав пример во регионот, истакна Заев.

Премиерот Заев рече дека Северна Македонија сега со право ја очекува позитивната одлука од Европскиот Совет за почеток на преговорите со ЕУ по поглавја, и дека секое друго решение негативно ќе се одрази на политичката ситуација во земјата и во регионот, и ќе го охрабри влијанието и интересот на трети страни во регионот.

Претседателот на Владата на РСМ нагласи дека одлагањето на позитивна одлука за Северна Македонија од ЕУ, ќе ги забави реформите и ќе влијае негативно на економските трендови кои во последните две години добија нагорна линија.

-Владата на Северна Македонија ја прогласи 2019 година, за година на економијата и веќе постигна одлични резултати за да го потврди тоа. Минатата година ја завршивме со рекордни директни странски инвестиции во висина од 624.5 милиони евра. Во првиот квартал земјата постигна раст на БДП од 4,1 отсто, за разлика од истиот квартал пред две години кога земјата беше во рецесија. Се отвораат нови работни места, а невработеноста за две години од 23 отсто падна на 17,8 отсто, ги информираше премиерот Заев претставниците на германските компании од Здружението за Источна Европа на германското стопанство.

Заев додаде дека 200 компании со германски капитал вработуваат 20 илјади граѓани, тоа е доказ дека нашата земја има европски стандарди за бизнис, и дека самите германски компании во земјата се препорака за охрабрување на интересот на другите бизнисмени да инвестираат во Северна Македонија.

Претседателот на Владата на РСМ укажа и на потенцијалите што лежат и во регионалната соработка и поврзување, како можност за економски проекти.

-Во однос на регионалната соработка, првиот синоним е – Берлинскиот процес. Благородна иницијатива која им даде можност на политичките лидери на земјите од Западен Балкан да покажат подготвеност за суштински и длабоки внатрешни реформи и заемна соработка во неколку главни области. Имплементацијата на агендата за поврзување и повеќегодишниот акционен план за регионален економски простор има важна цел да го забрза развојот на регионот и да го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани. Ние остануваме силно посветени на понатамошни резултати, нагласи премиерот Заев во своето обраќање „Реформите во стопанството и општеството – Патот на Северна Македонија во ЕУ", на годишниот прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство.

На дискусијата „20 години од Пактот за стабилност за ЈИЕ-перспективите за регионална соработка", сите соговорници, како што соопшти владината прес-служба, се согласиле дека Северна Македонија, како пример на успешни реформи и напредок во евро-атлантските интеграции, е инспирација и за останатите земји од регионот кои очекуваат на земјата да и биде определен датумот за старт на преговорите по поглавја како охрабрување и за регионот.

Премиерот Заев вечерва се сретна и со генералната секретарка на Советот за регионална соработка на земјите од Западен Балкан Мејлинда Брегу.

Премиерот Заев во Берлин е придружуван од вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер