Заедничка заложба за континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на Регионот, беше централна тема на средбата на претседателите на владите на Република Македонија и на Република Србија Зоран Заев и Ана Брнабиќ што денеска се одржа во Нови Сад на маргините на Регионалниот форум за млади.
Во насока на остварување на овие заложби од особено значење се интензивните средби на претседателско и на премиерско ниво што во последните три-четири месеци во Македонија и во Србија, како и средбите на регионалните форуми.
На средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ стана збор и за акцискиот план за имплементација на декларацијата за унапредување на регионалната соработка која што иницијативата на Македонија, Србија и Албанија, се донесе во Охрид, во проширен формат за да се засили спроведувањето на конкретните мерки за 4-те слободи, односно слободниот проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, што е во согласност со повеќегодишниот Акциски план усвоен на Самитот за ЗБ во рамките на Берлинскиот процес и документите на ЕК, и што треба да помогне кон забрзувањето на интеграцијата на Регионот и полноправното членство во ЕУ.
Инфраструктурното поврзување како дел од регионалната соработка добива се по нагласена димензија, и во таа насока, на денешната средба во Нови Сад премиерите Заев и Брнабиќ се согласиле дека е потребно двете земји да ја интензивираат комуникацијата за идентификација на заедничките интереси и заеднички настап заради добивање поддршка за реализација на транспортни, инфраструктурни и енергетски проекти и иницијативи од обостран интерес, со регионален предзнак.