Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето место за потпретседател, ние ќе ги следиме

Дебатата на оваа тема според Заев била дали да има три или пет потпретседатели, поради што минатиот состав одлучи да има 5 потпретседатели.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ. Ова на новинарско прашање денеска од Македонска Каменица го истакна претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Македонија, Зоран Заев кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на градот во М.Каменица.

Дебатата на оваа тема според Заев била дали да има три или пет потпретседатели, поради што минатиот состав одлучи да има 5 потпретседатели. -Ако се откаже ВМРО- ДПМНЕ, ќе се откаже и СДСМ од своето место за што ќе им се укаже шанса на помалите партии, рече тој.

-Овој пат се утврди бројката на потпретседатели и навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места и за помалите политички заедници во државата. Потпретседател на Собранието зема 100 до 150 евра поголема плата, тоа не е за големината на трошокот, веројатно затоа што имаат поголема канцеларија, но денеска секој пратеник има сопствена канцеларија, но суштината е дали го слушаме гласот на граѓанинот. Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите еве, за да биде бројката и помала. Јас внимателно ја слушав нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, тие можат да се повлечат, ќе видиме како ќе постапат, така ќе се однесуваме, поради тоа што на крајот одговорноста е на сите нас, рече Заев

Тој изрази надеж оваа генерација на политичари е првата, која вети рационализација на администрацијата.

-Токму заради штедењето на парите кои ги нема бесконечно е и наше право и обврска да кажеме каде најпотребно ќе ги релоцираме тие пари. Затоа и ги намаливме и ресорите на Владата од 26 сега се 19 министри, ќе имаме спојување на многу институции и нивна рационализација да ја покачиме ефикасноста на самата јавна администрација и на институциите кои постојат, додаде Заев од Македонска Каменица, каде со дел од идните министри присуствуваше на свеченоста по повод тројнипот празник во Општината./МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

притисни ентер