Задоволителна делотворност на „Старлинк“ сателитите на „Спејс-Икс“

Системот за за мобилен интернет „Старлинк“ на „Спејс-Икс“ се покажа како „огромен успех, и исполнување и надминување на целите“ на пробите засега, според компанијата. 

Се говори за напредокот во тестирањето на новата технологија „Дајрект-ту-сел“ што користи за пренос на податоци преку сателит во Вселената и испраќање до мобилните телефони на Земјата.

„Спејс-Икс“ и на мрежата „X“ прикажа некои од своите успешни тестови, коишто овозможија брзина на преземање од 17 Мбпс. Стручњаците во „Спејс-Икс“ ја испробаа технологијата во Редмонд, Вашингтон, па во Маунтин Вју, Калифорнија и Канзас Сити, Канзас, во САД.

„Меѓу другите резултати, сателитите можеа да комуницираат со повеќе модели на немодифицирани уреди на 'Самсунг', 'Епл' и 'Гугл' користејќи го спектарот 'ПЦС Г-блок' на 'Ти-мобајл' во урбани и рурални области, внатре и надвор, како и под ведро небо и под дрвја. Овие уреди комуницирале за време на минување на сателитот и немало пречки“, соопшти „Спејс-Икс“.

Занимливо, мобилната „Старлинк“ технологија ќе пренесува интернет-податоци и на мобилни телефони во затворен простор. Подробностите сѐ уште не се достапни, но „Спејс-Икс“ ја тестираше сателитската технологија во рамките на максималната дозволена моќност, или „количината на енергија што ја емитува предавателот што е присутна по единица површина“, како што ја нарекуваат стручњаците во компанијата.

„Ова им овозможи на уредите да комуницираат со сателити дури и кога се под дрвја или внатре (во куќа, иако услугата 'Дајрект-ту-сел' е дизајнирана за надворешна употреба) до агол на височина од 25 степени“, се додава.

Соперничките компании се загрижени дека сателитите „Старлинк“ ќе предизвикаат радио пречки, но немаше такви во овие два месеци дневно тестирање. За лансирање на услугата, „Спејс-Икс“ за наредниве месеци планира прво поставување на повеќе од 800 сателити.

Гвардиола: Арсенал повеќе нема да губи бодови, ние ако ремизираме нема да ја освоиме титулата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим треба да победи на сите преостанати натпревари доколку сака да ја освои шампионската титула во Англиското фудбалско првенство.

- Мислам дека Арсенал повеќе нема да губи бодови. Ова е слично на ситуацијата со Ливерпул во минатото. Нас ни остануваат уште четири натпревари, пат тежок како да се искачиме на висока планина. Ако негде ремизираме, нема да го освоиме шампионатот, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор на табелата во Премиер лигата со 79 бодови од 34 натпревари. Лидер е Арсенал со 80 бода по 35 кола.

До крајот на првенството, Арсенал ќе игра дома со Борнмут и со Евертон, а ќе му гостува на Манчестер јунајтед.

Сити ќе го пречека тимот на Вулвс и на Вест Хем, а ќе гостува кај Фулам и на Тотенхем. /МИА

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

притисни ентер