За утре закажана конститутивна седница на Парламентот на Србија, опозицијата со свои планови

-Тоа е голем и важен ден, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека очекува набрзо по конституирањето на српскиот парламент да се формира нова влада.

На неколку дена пред одржување на седницата на Европскиот парламент на 8 февруари, на која ќе се носи резолуција за обвинувањата на опозицијата за кражба на декемвриските избори во Србија, досегашниот прв спикер Владимир Орлиќ за утре ја закажа конститутивната седница на Собранието. На седницата треба да се потврдат мандатите на 250 избрани пратеници, да положат заклетва, по што ќе се бира претседател на собранието и други тела, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тоа е голем и важен ден, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека очекува набрзо по конституирањето на српскиот парламент да се формира нова влада.

Зборувајќи за најавите од опозицијата дека на различни начини ќе го изразат своето незадоволство во парламентот поради обвинувањата за украдените избори, Брнабиќ рече дека нејзиното прашање е „што е различно во споредба со претходниот состав“, кога пратениците од опозицијата изведуваа различни перфоманси за време на седниците .

Еден од носителите на листата „Србија против насилството“ (СПН) и претседател на „Народното движење на Србија“, Мирослав Алексиќ, изјави дека е реално да се очекува некакво попречување на работата на парламентот и борба на опозицијата преку парламентот.

-Секако дека ќе направиме се што можеме да дадеме најдобри резултати, да се открие оваа изборна кражба во која се фатени и да се повторат изборите, потоа да се прочисти избирачкиот список и да се сменат условите за избори, Алексиќ.

Потпретседателот на Странката за слобода и правда (ССП) Мариника Тепиќ ги отфрли оценките дека опозицијата со учеството на конститутивната седница на парламентот дава легитимитет на изборната кражба и нагласи дека оваа институција е веќе формирана со потврдување на две третини од мандатите.

-Ние утре не гласаме за да ги потврдиме нашите мандати, тие се доделени. Прашањето за давање легитимитет значи дека учествуваш во нешто, вие не учествувате затоа што тоа не постои. Сакаме да учествуваме во точката што е избор на претседател, кога ќе има дискусија. Сакаме да бидеме таму за да имаме можност да кажеме дека е извршена изборна кражба, дека домашните институции молчат за тоа, зошто се бориме мимо институциите, што ќе работиме со нашите колеги од ЕП, зошто ни е потребна поддршката од граѓаните, зошто се потребни промени за изборните услови, објасни таа и додаде дека тие нема да учествуваат во работата на собраниските одбори.

Претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, соопшти дека нема да одат на конститутивната седница, и дека нема да ги вратат мандатите, што не значи дека таа партија ќе ја бојкотира работата на парламентот. Со сличен став е и лидерот на „Заедно“ Небојша Зеленовиќ. Вчера гласаше и новиот ДСС, но за декларацијата за прогласување на „окупација на Косово“, за нив седницата е формалност.

Во парламентот влегоа 250 пратеници, коалицијата околу Српската напредна партија (СНС) ќе има 129 пратеници, Србија против насилство (СПН) 65, Социјалистичката партија на Србија (СПС) 18, коалицијата НАДА 13 и Ние - гласот на народот 13 пратеници.

Рокот за формирање на Влада е 90 дена од денот на конституирањето на Народното собрание.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер