За три месеци работа загубиле над 15 илјади лица

Над 15 илјади работни места се изгубени за три месеци, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Според податоците на крајот на мај регистрани се вкупно 121 187 невработени лица, што е повеќе за 15 371 граѓани во однос на февруари годинава, пред почеток на Корона кризата.

Во март пак, кога поголем дел од секторите се затворија со цел спречување на ширењето на заразата, бројката рипнала за близу 2 илјади, а трендот на пораст продолжил и во наредните месеци. Растот е најголем во месец април кога како невработени се пријавиле плус над 7 илјади граѓани.

А, очекувањата на бизнис секторот се уште попесимистички. Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата за Канал 5 вели дека – анкетите им покажале дека на околу 40 до 50 илјади граѓани работното место им виси на конец поради Корона кризата.

„И еден друг податок околу 40те илјади работи места е дека во овој период до три месеци е фрапантен податок дека се изгубени работни часови еквивалентни на 85 илјади работни места и тоа значи дека навистина имаме стагнирање во економијата, економските активности и може да влијае на секторите.“- Миле Бошков.

Економијата сега трпи удари, но закрепнувањето ќе биде уште потешко, вели Бошков. Работните места, како и целата економија ќе се зачуваат само доколку финансиската помош од Владата продолжи и по периодот на кризата.

„Навистина се под ризик 40 до 50 илјади работни места, а што се однесува до мерките и што се однесува до помошта треба да биде директно од Владата, но меѓутоа трерба да биде директно и во комуникација со бизнис заедницата и со синдикатите и тоа да се изнаоѓаат мерки кои можат да помогнат да се задржат работни места, меѓутоа исто така и флексибилно да се управуваат.“ Миле Бошков.

Барања за продолжување на важењето на мерките побараа повеќе бизнисмени и стопански комори. Владата остави можност помошта да продолжи, но засега нема најави кога и како тоа би се случило.

НЕВРАБОТЕНИ:

Февруари = 105 816

Март + 1 916 невработени = 107 732

Април + 7 030 невработени = 114 762

Мај + 6 425 невработени = 121 187

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР.

Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 2,5 °С над просекот на ниво на држава.

- Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран. Забележена е појава на слаб мраз на повисоките места од 18-ти до 22-ри во месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 20 април и изнесуваше -3,1 °С, велат од УХМР.

Во месец април минатата година, месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 26 mm во Демир Капија до 80 mm во Маврово.

-Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 26 mm беше регистрирано во Берово на 18-ти, додека максимална снежна покривка од 9 cm беше измерена во Попова Шапка на 21-ви во месецот, нагласуваат од УХМР.

Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава. /МИА

притисни ентер