За што служел црниот фонд на СЈО?!

Вработените во СЈО имале заеднички фонд чии средства се трошеле во разни цели, потврдуваат за Канал 5 обвинители и вработени во институцијата.

Парите во „црниот фонд“ според извори од СЈО требало да бидат наменети за свадби, за раѓање на деца, за хуманитарни цели, за болести.

Дел од овие средства, велат нашите извори биле дадени на вработена за болест на роднина, на ќерка на вработена за свадба, но најчесто се користеле за потребите на институцијата.

Извори од СЈО за Канал 5 потврдуваат дека обвинителите поединечно одвојувале по 3.000 денари месечно во фондот, а другите вработени во СЈО по 1.000 денари. Со фондот управувала лично Катица Јанева.

Моментално користењето на тој фонд е блокирано, со оглед дека Јанева ги одобрувала, а средствата ги исплаќал благајник. Никој во СЈО не знае колку пари останале во фондот, бидејќи како се собирале средства, така и тековно се трошеле.

-Заеднички собиравме пари по барање на Јанева и таа ги контролираше средствата, сега немаме претстава колку и дали се останати пари, ни изјавија вработени во СЈО.

Информацијата за постоењето на т.н. црн фонд ја објави Канал 5 вчера откако извори од институцијата алармираа дека Јанева преку ново писмо побарала собраните пари да бидат исплатени за нејзина одбрана. Засега постоењето на вакво писмо не може официјално да се потврди.

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

притисни ентер