За прв пат македонски и бугарски премиер се поклонија заедно пред моштите на Свети Кирил. Прв пред моштите на Свети Кирил венец положил премиерот Заев а потоа и бугарскиот премиер борисов.
„Заедно да славиме наместо да се караме- му рекол Борисов на Заев по доаѓањето во базиликата „Свети Климент“ .
Премиерот Заев ја предводи државно-црковната делегација во Италија во чест на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ .
Македонската делегација потоа се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде положи цвеќе на спомен плочата на папата Адриан Втори , а цвеќе ќе се положи и на споменикот на Светите Кирил и Методиј во амбасадата на Република Бугарија каде ќе имаат заеднички ручек двајцата премиери Заев и Борисов.
Премиерот Заев придружуван од владината делегација утре ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск во Апостолската Палата во Ватикан, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин.
Попладне, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно - уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.