За прв пат во историјата финалето на Лигата на шампионите ќе се игра надвор од Европа ?!

УЕФА ги известила потенцијалните партнери дека во 2024 година финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи во Њујорк.

Тоа би било прв пат во историјата, финалето на најелитното клупско фудбалско натпреварување во светот да се игра надвор од Европа, пишува американскиот портал „Морнинг Консалтинг“.

Тој наведува дека ТЕАМ Маркетинг АГ, швајцарска компанија која ги застапува деловните интереси на УЕФА, ги објавила овие информации, додавајќи дека агенцијата и УЕФА одбиле да ги коментираат нивните тврдења.

Покрај тоа, нивните извори велат дека е познато каде сакаат да се игра финалето. Избран е стадионот МетЛиф во Њу Џерси, дом на два тима во НФЛ, Њјорк Џајантс и Њујорк Џетс.

Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме..

Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација.

Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства.

Истото сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност.

За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот.

И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

притисни ентер