За една седмица 613 хоспитализирани и 17 починати од Ковид-19 во Грција

Од Ковид-19 починале 17 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 28. 

Намалување на позитивните, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 е регистрирано во текот на минатата седмица во Грција, согласно официјалните податоци од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 30 септември до 6 октомври позитивноста кај сите тестирани примероци е намалена во однос на претходната седмица, регистрирани се 613 нови хоспитализации, што исто така бележи намалување во однос на минатата седмица, додека просекот во претходните четири седмици бил 592 лица, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 17 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 28. /МИА

Приведен албански државјанин поради незаконит риболов

Со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка.

Во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц.(63) од Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“.

Како што соопштија од МВР, со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор - Охрид. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Наставничка по танц пријавила во полиција агресивно однесување од машко лице

 Наставничка по танц пријавила во кавадаречката полиција агресивно однесување од машко лице, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 11.40 часот во ОВР Кавадарци, Б.Г.(52) од Кавадарци пријавила дека во објект во Кавадарци, додека одржувала час по танц, влегле некоку машки лица, при што едно од нив агресивно се однесувало кон неа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Нешто подоцна вчера, во 17.20 и 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Г.К.(58) и М.М.(66), двајцата од Кавадарци, постапуваќи по претходна пријава дека му се заканувале на Б.Т.(61) од Кавадарци.

- Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додадоа од СВР Велес.

ОЈО заедно со полициски екипи започна увидни дејствија во опожарената зграда во Чаир

 Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со полициски екипи ги започна увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски" во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории.

Од МВР информираа дека претходно од страна на СВР Скопје биле извршени сите подготовки и бил обезбеден влез во објектот, а пристапот до објектот се врши строго контролирано и во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.

-Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази, стои во соопштението на МВР.

Во гаснењето на пожарот кое траеше повеќе од осум часа, учествуваа 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а поради густиот црн чад од Итната медицинска помош информираа дека имаат дадено медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар, како и една бремена жена.

притисни ентер