За една недела пријавени 72 нови случаи на голема кашлица

За една недела нови 72 случаи на голема кашлица, од девет хоспитализирани неделава, 7 се деца под една година.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, Скопје и натаму на врвот на листата со најголем број случаи, за една недела дополнителни 58 лица во Метрополата се заболеле со голема кашлица. Заклучно со 21 март во земјава се регистрирани вкупно 287 случаи со Пертусис, а од нив 247 се во главниот град, каде е прогласена и епидемија на голема кашлица, но најголем е и бројот на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца.

За сите болести за кои има вакцина – лекот е во навремената вакцинација, велат лекарите кои и денеска упатија апел до сите родители навреме да ги вакцинираат своите деца. Министерот за здравство, Илир Демири, по потпишувањето на декларацијата за подобрување на имунизација со лекарската комора најави и законски измени против антиваксерите. Претседателката на комората со порака - секој има право да биде здрав, вели треба да ја научиме лекцијата од ковид пандемијата. Повикаа денешната декларација да не остане само на хартија.

„За жал они викаа имамае право да избереме дали ќе бидеме вакцинирани или не, јас викам имам право да бидам здрава, да не ме зарази некој кој не сака да се вакцинира. Моето право не е помало право од правото на тие што обдираат да не добијат вакцини, сите ние имаме шраво на здравје, право на живот. “-изјави Калина Гривчева Старделова, Претседателот на Лекарска комора.

„Ниедно дете кое не е вакцинирано не може ни во граиднка да се запише, ни во прво одделение, ни нигде по државни институции не смее. Затоа што ние имаме одговороност и не смееме ние да ги загрозиме другите деца и одговорните родители кој сакаат да постапт спрема закон и како што треба здравствено да ги заштитат своите деца....“ изјави Џабир Бајрами – педијатар, директор на ЈЗУ Здравствен Дом Кичево.

По прогласувањето на епидемија на голема кашлица на територија на Скопје, здравствените власти препорачаа во градинките се примаат само деца кои изминативе шест месеци имаат примено три дози од Ди Те Пер вакцината, под услов во следните 6 да примат и ревакцина. Но согласно насоките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, оние деца кои имаат закажан термин за ревакцина по истекот на 6 месечниот период и натаму не смеаат да посетуваат градинка, мора да ја чекаат ревакцината.

В среда е закажан нов состанок на Комисијата за заразни болести. Покрај Скопје изминатава недела 7 нови случаи има пријавено и во Куманово, четири во Битола, и по 1 случај е пријавен во Дебар и Струга.

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија.

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија, развојот на билатералните економски и трговски односи и се надеваме, за успех на мировните напори, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан, Сијарто рече дека Си Џинпинг, кој предводи голема делегација ќе посети само две земји-членки на ЕУ: Унгарија и Франција, пренесе МТИ.

Една од главните теми на разговорите меѓу претседателите на двете земји ќе биде натамошниот развој на билатералната економска соработка, рече Сијарто, наведувајќи дека Кина во Унгарија донела најмногу странски директни инвестиции во 2020 и 2023 година.

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

притисни ентер