За четири дена 68 компании побарале да вработат млади до 29 години

Сите компании кои ќе вработат младо лице до 29 години ќе добијат едно годишни ослободувања од плаќање на социјалните придонеси.

- Оваа мерка опфаќа околу 45 илјади невработени млади лица од кои што 20 илјади се активни баратели на работа. Очекувам приватните компании да ја искористат прва можност. Сепак се зависи од интересот на приватните компании. Јас очекувам значително намалување на невработеноста со оглед на фактот што оваа мерка е навистина поволна односно ослободувањето од давачките и од трошоците кои што ги имаат приватните компании до просечна бруто плата околу 37% е навистина значително и очекувам да ја искористат оваа поволност приватните компании рече Диме Спасов министерот за труд и социјална политика.

Интересот за оваа нова мерка со која се поттикнува вработувањето на младите е голем. За само 4 дена 68 компании поднеле барања за искористување на поволностите кои ги нудат новите законски измени на оваа системска мерка.. Дополнително се очекува да се зголеми интересот за мерката која ќе важи во следните 2 години.

- Ставот на стопанската комора е позитивен односно ги поддржуваме и поздравуваме ваквите иницијативи на Владата, конкретно на министерството за труд и социјална политика бидејќи ова е во контекст и на нашите ставови и очекувања за зголемување на вработеноста од една страна и намалување на невработеноста , посебно за задржување на младите лица односно намалување на одливот на младите кадри од Македонија, рече Елисавета Ѓоргиевска од стопанската комора.

Оваа системска мерка е надополнување на мерките од оперативниот план на Владата заедно со министерството за труд и социјална политика и агенцијата за вработување преку кои се поттикнуваа самовработувањата со грантови од 3000 евра за малите компании и на мерката за субвенционирање на вработувањето за секој нов вработен со по 13 илјади денари за период од 6 месеци.. Сите овие мерки се рефлектираат и во официјалните податоци на статистика според кои бројот на невработени од 360 илјади во 2006 е намален на нешто помалку од 220 илјади од кои 100 илјади лица се активни баратели на вработување.

Лазаровите каланди одекнаа во Скопје

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар.

За првпат во главниот град на Републиката, а по пример на минатогодишниот празничен настан во Кичево кој беше организиран од хорот „Митрополит Козма Пречистантски", и оваа година во градот Скопје се одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота).

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар, како и во Diamond Mall, каде имаа музички настап со кој беа восхитени сите присутни.

Поворката беше поддржана од сите случајни минувачи кои со нескриена радост и воодушевување и се приклучуваа.

Пеењето на најрадосните каланди, кое се случи не само во Скопје, туку и во Кичево и Реканскиот крај, најсоодветно и во православен дух го најави Празникот над Празниците - Воскресението Христово.

Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

притисни ентер