За 25 милиони долари се продава „куќата на гревот“ во Лас Вегас, сопственикот се сели од САД

Ден Билзериан се сели од „градот на гревот“ Лас Вегас. Односно се сели од САД.

Тој ја продава луксузната вила во која живеел и се забавувал за 25 милиони долари, што ја прави најскапиот имот во градот во моментов. Агент за недвижности изјави за TMZ дека „никогаш не видел нешто слично“.

Огромниот имот, кој се наоѓа во луксузната населба Spring Valley, изгледа како игралиште за возрасни. Има седум спални соби, 14 бањи и гаража која може да собере 16 автомобили. На 3.700 квадратни метри има карпа за качување, игралиште за хокеј на ролери, теретана, кино, соба со тобогани, огромен базен, винарска визба која тешко се гледа и во најголемите винарии, но и соба за оружје...

„За 25 години работа со недвижен имот никогаш не сум видел нешто слично. Трошоците за изградба беа над 20 милиони долари во времето кога беше изграден. Откако Дан го купи овој имот, тој инвестирал милиони за дополнително подобрување на имотот. Квалитетот на градбата и завршните работи се најдобро што сум ги видел, тој увезуваше материјали од целиот свет“, изјавил агентот за недвижности Френк Наполи II.

Билзериан сега ќе живее делумно во Дубаи, а делумно на Бали. Тој планира да го интернационализира својот бренд Ignite.

Ден Билзериан е самопрогласениот „крал на Инстаграм“ кого на социјалната мрежа го следат 32 милиони луѓе. Билзериан тврди дека своето богатство го стекнал на турнири во покер и дека заработил 50 милиони долари во период од 14 месеци. Некои други во светот на покерот тврдат дека ова е едноставна лага и дека тој сигурно не заработил толку пари од покер.

Vice еднаш напишале дека Билзеријан ужива во незаконски стекнатото богатство на неговиот татко. Ден ги оспорил тие тврдења, велејќи дека „луѓето веруваат во секакви работи“.

Каде се наоѓа Точката Немо?

Точката Немо важи за најоддалечената точка во Тихиот Океан, позната и како „најосаменото место“ на планетата Земја. 

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА го користи овој ненаселен остров како еден вид „депонија“ за употребени и истрошени сателити и друг вселенски отпад што се спушта и гори при повторното свое влегување во атмосферата на Земјата. Според некои проценки, досега од Земјината Орбита на ова „вселенско ѓубриште“ се спуштени околу 300 сателити.

До 2030 година, НАСА планира таму да ја смести и Меѓународната вселенска станица којашто се наоѓа на околу 400 километри од Земјата.

Сместен во Тихиот Океан, островот се смета најоддалечената и најизолирана точка на нашава планета, далеку од која било држава. Најблиску до оваа точка се островите Дучи и Моту Нуи (околу 2.600 километри), коишто се наоѓаат близу Велигденските Острови што му приаѓаат на Чиле. Најблиското населено место, пак, е оддалечено околу 2.700 километри.

Точката Немо се наоѓа на 48 степени и 52,6 минути јужна географска ширина и 123° 23,6′ западна географска должина.

Местото е откриено во 1992 година од страна на хрваткиот истражувач Хрвоје Лукатела. Името го добило по капетанот Немо - лик од познатиот научнофантастичен роман на Жил Верн - „2.000 милји под морето“.

Островот не е богат со храна, па животинските видови се ретки. Научниците се прилично заинтересирани за истражување на океанското дно околу островот.

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и денеска апелираат до граѓаните за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Во последното деноноќие, како што соопшти ЦУК, немало регистрирани пожари на отворено на територијата на државата.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие имало вкупно 1 419 повици . Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 45,31 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 69,63 отсто, кон Итната медицинска помош 25,65 отсто, a кон пожарникарите 1,57 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ООН: Потребен глобален фонд за Вештачка интелигенција за помош на земјите во развој

Владите и приватните компании треба да придонесат кон глобален фонд за вештачка интелигенција (ВИ), кој ќе им овозможи на земјите во развој да ги искористат придобивките од оваа технологија, се наведува во извештај на ООН.

Фондот ќе помогне да се обезбедат модели, компјутерска моќ и програми за обука поврзани со вештачката интелигенција, според препораките од советодавното тело за вештачка интелигенција на високо ниво на генералниот секретар на ОН, пренесува Гардијан.

Дејм Венди Хол, професорка по компјутерски науки на Универзитетот во Саутемптон и член на советодавното тело на ОН за вештачка интелигенција, рече дека западниот свет не смее да ги прави истите грешки со технологијата што ги направи со климатската криза. Осврнувајќи се на земјите во развој надвор од северната хемисфера, Хол рече дека треба да им се помогне на државите кои не можат да инвестираат во вештачка интелигенција.

ООН предупредува дека недостигот на глобална рамка за управување со ВИ би можел да доведе до неправедни последици за земјите во развој.

- Ако сега не се справиме со прашање како што е глобалниот фонд за вештачка интелигенција, ризикуваме да одиме по истиот пат како што правевме со климатските промени каде што развиените земји се способни да го решат проблемот и да одат напред додека глобалниот југ е оставен зад себе и нема капацитет да го реши тоа“, рече таа.

Извештајот препорачува создавање на достапна продавница на модели и збирки на податоци за вештачка интелигенција (потребна за изградба на модели) која може да помогне во постигнувањето на целите за одржлив развој на ОН, кои вклучуваат елиминирање на сиромаштијата и обезбедување квалитетно образование.

Извештајот, исто така, препорачува создавање на меѓународен научен панел за вештачка интелигенција, кој ќе издаде годишен извештај за „способности, можности, ризици и несигурности“ поврзани со вештачката интелигенција. Предупредува дека не постои глобална рамка за управување со вештачката интелигенција и дека технологијата може да им се наметне на луѓето без тие да имаат никаково влијание во процесот.

Минатата година, компаниите за вештачка интелигенција и неколку држави се обврзаа на доброволен договор за тестирање на најмоќните модели на вештачка интелигенција, додека овој месец Велика Британија потпиша меѓународен договор кој има за цел да спречи злоупотреба на ВИ.

„Да се ​​стави управувањето со ВИ во рацете на неколку програмери или земји домаќини, ќе создаде длабоко неправедна ситуација“, се вели во извештајот, додавајќи дека ОН можат да бидат домаќини на редовен меѓувладин дијалог за да се поттикне заедничка основа за управување со влијанието на технологијата.

притисни ентер