Вулкански бомби и земјотрес на Ла Палма, инвазија на туристи за да го гледаат вулканот од близу

Канарскиот остров Ла Палма, каде пред 40 дена еруптира вулкан, утринава бил потресен од земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер, но љубопитните туристи продолжуваат да пристигнуваат во текот на продолжениот викенд.

Земјотресот со епицентар во Кумбре виеја, од каде со денови блика лава, е почувствуван во 7 часот и 24 минути по локално време, соопшти Националниот географски институт (ИГН). Секој ден се чувствуваат десетина земјотреси, но досега најсилниот бил 4,9 степени според Рихтеровата скала.

За време на продолжениот викенд по повод Денот на сите светци, во Ла Палма се очекуваат околу 10.000 посетители кои сакаат во живо да ја следат сцената со ерупцијата на лава. Билетите за бродовите и авионите за овој викенд се распродадени, објави локалната туристичка канцеларија.

Туризмот сочинува 20 отсто од БДП на островот, но откако вулканот еруптира на 19 септември, капацитетот на хотелите се намалил од 70 на 40 отсто. Денеска, пак, исполнетоста скокнала на 90 проценти.

И додека некои пристигнуваат да му се восхитуваат на феноменот, други ги напуштија своите домови во подножјето на кратерот. Околу 7.000 жители мораа да се иселат од погодената област. Кон крајот на следната недела првите семејства привремено сместени во хотели треба да се вселат во 18 објекти за домување на настраданите. До крајот на годината или почетокот на 2022 година, сите евакуирани треба да добијат нови домови.

Лавата зафати површина од 941,5 хектари, но нема загинати или повредени.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер