Вулкан еруптираше во источна Индонезија

 Вулканот Ибу во источна Индонезија еруптираше денеска, исфрлајќи облак од пепел до 3,5 километри над кратерот, соопштија властите.

Ерупцијата, која започна во 12:37 часот по локално време, траеше повеќе од три минути, се вели во денешното соопштение на службеник на контролен пункт во близина на вулканот во северниот дел на Молука.

„Ги замолуваме жителите и туристите во близина на вулканот Ибу да не вршат никакви активности во радиус од два километри (околу кратерот)“, додаде службеникот.

Нивото на тревога прогласено по ерупцијата на вулканот на надморска височина од 1.325 метри останува второ на скала на четири нивоа. По ерупцијата не беше наредена евакуација.

Сепак, властите го повикаа населението да носи маски и очила кога излегуваат надвор за да се заштитат од паѓање на вулканска пепел.

Американски војник е уапсен во Русија- сопругата тврди дека заминал таму поради друга жена

Сопругата на Гордон Блек, американскиот војник уапсен за кражба во Русија, рече дека нејзиниот сопруг отпатувал таму бидејќи имал афера и не бил вклучен во „геополитички интриги“.

Меган Блек е во процес на развод од сопругот и ги повика руските власти да го ослободат за доброто на нивната шестгодишна ќерка.

Таа рече дека не знаела за неговото патување во Владивосток во источна Русија додека не ѝ се јавил воен службеник и не побарал информации. Таа вели дека дознала за деталите од патувањето откако вестите на NBC ја објавиле приказната за неговото апсење во понеделникот.

„Сепак, Меган Блек цврсто верува дека одлуката на г-дин Блек да патува во Русија, иако несовесна, била мотивирана од целосно лични причини кои вклучуваат вонбрачна врска“, рече нејзиниот адвокат во изјавата во четвртокот.

Понатаму се наведува дека Меган го започнала процесот на развод во јули 2022 година. Тие биле заедно девет години и се венчале во Тексас откако Гордон бил стациониран таму.

Мајката на Блек, Мелоди Џонс, изјави за NBC News во средата дека верува дека нејзиниот син бил „намамен“ во Русија од каде што бил стациониран во Јужна Кореја од жена која ја идентификувала како Александра Вашчук.

Блек е обвинет за кражба од руски државјанин, нанесувајќи им „сериозна штета“. Тој ќе помине најмалку два месеци во притвор, објави неделава судот во Владивосток.

Канцеларијата на руското Министерство за надворешни работи во Владивосток исто така соопшти дека приведувањето на Блек нема никаква врска со политика или шпионажа.

На УФЦ легенда му се заканува повеќегодишна робија- Хабиб Нурмагомедов должи милиони за данок

Легендарниот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов е во центарот на голем скандал, кој според светските медиуми би можел да заврши во затвор.

Имено, Дагестанецот бил обвинет за затајување данок во Русија, поради што му биле замрзнати средствата на банкарските сметки.

Како што е наведено, можните казни се: Затвор до три години за кривични дела извршени од физичко лице; и казна затвор до шест години за вработени во правни лица; забрана за вршење одделни работи три години; парични казни во износ од 200.000 до 500.000 рубли или во износ еднаков на заработката или сличен приход на сторителот во текот на една до три години.

Руски „Маш“ и „РТ“ велат дека Нурмагомедов станал цел на руските даночни власти откако се откажал од сопственоста на неколку фирми, а неговите роднини и блиски соработници, наводно, останале на раководни позиции во одредени случаи.

Руската Федерална даночна служба на крајот започнала истрага против поранешниот шампион на УФЦ и откри неправилности во документите, што доведе до затворање на неколку фирми, тврди медиумски извор.

Неговата компанија за промоција на мешани боречки вештини, Eagle Fighting Championship, наводно ја очекува истата судбина во блиска иднина.

Според извештајот, руските власти се сомневаат дека Нурмагомедов можеби ги користел парите што наводно не ги уплатил во руската државна каса за купување хотели и стартапи во Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад над неговата ќерка

Татко на малолетна ќерка од скопско, во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје пријавил дека преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички.

– На 11.05.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје 45-годишен маж од скопско, пријавил дека околу 01.55 преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Според пријавеното, во октомври минатата година на подрачјето на Центар, во близина на средно училиште каде учела, двете малолетнички кои учеле во тоа училиште, физички ја нападнале, додека други две малолетнички кои исто така учеле во училиштето, настанот го снимиле со мобилен телефон.

Од МВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер